ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ

Шахпаска-ССНМ: Да се подобри положбата на работниците во медиумите

October 14, 2021 14:02
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, МЕДИУМИ
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска имаше работен појадок со претставници на Сојузот на синдикатите на новинарите на Македонија (ССНМ), на кој се разговараше за унапредување на работничките права на медиумските работници во земјава.

Како што соопшти Министерство за труд и социјална политика, покрај претседателот на ССНМ Павле Беловски, проект менаџерот Дарко Дуридански и членот на ИО на ССНМ, Теодора Цветковска, на средбата присуствуваше и директорката на Државниот инспекторат за труд Јована Тренчевска.

На состанокот, како што се наведува, беше отворено прашањето за времетраењето на договорите на определено време, проблем со кој се соочуваат многу новинари во земјава, кои предолго имаат недефиниран работен статус.

Министерката Шахпаска информираше дека со новиот системски закон за работни односи, за кој јавната расправа ќе започне веднаш по завршувањето на изборите, драстично ќе се намали траењето на договорите на определено време, кое во моментов е пет години.

-Заштита на интересот на работниците за нас е врвен приоритет. Свесни сме за проблемот со договорите на определено време и затоа во новото законско решение ќе има сериозно ограничување и на времетраењето и на условите под кои можат овие договори да се продолжуваат, најави министерката Шахпаска.

Таа информираше дека во јавната расправа за новиот закон за работни односи ќе бидат вклучени сите, вклучително и медиумските работници, како една многу значајна дејност во општеството.

Претседателот на ССНМ Беловски посочи дека само преку интензивна соработка меѓу Синдикатот и институциите може да се дојде до конкретни резултати за подобрување на положбата на работниците во медиумите. Тој побара институциите активно да се вклучат во заштита на правата на новинарите и другите медиумски работници бидејќи, според него,  само така ќе може да се спречи злоупотребата на медиумскиот труд од страна работодавачите.

 

Директорката на Државниот инспекторат за труд Тренчевска нагласи дека и во моментов и во иднина ќе се вршат контроли во сите дејности, вклучително и во медиумската дејност, за да се утврди дали се почитуваат правата на медиумските работници.

На состанокот беше отворено и прашањето за правото на штрајк кое во моментов, според претставниците од ССНМ, има одредени ограничувања.

Министерката Шахпаска информираше дека и за ова прашање во новата регулатива за работни односи се следат светските стандарди и ги повика претставниците од ССНМ активно да се вклучат со свое мислење и предлози. -Сите работници, вклучително и медиумските работници, во мене како министерка и во Министерството за труд и социјална политика треба да гледаат како на партнер во процесот на унапредување на правата. Сите политики кои ги креираме ние ги работиме транспарентно и со вклученост на сите засегнати страни, нагласи министерката за труд и социјална политика.

Министерката Шахпаска и претставниците на ССНМ оценија дека во заеднички интерес е да имаат редовни средби на кои заеднички ќе работат и на подобрување на регулативата, но и на институционална соработка. /МИА/.

Next Post

Османи: Суштината на спорот со Бугарија нема ништо со евроинтеграцијата

Shortcut

Најново

Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

August 7, 2026

СДСМ: Кој оди на екскурзија во Брисел среде лето? Само оној што има таен план „под радарот“

August 6, 2026
Фото: Влада

Мицкоски: Македонските аеродроми се најбрзорастечки во регионот – тоа е резултат на работата изминатите 25 месеци

August 6, 2026
Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

August 6, 2026
Фото: Скриншот

Осумдесет и една година по атомската бомба, Хирошима повторно повика на разоружување

August 6, 2026

НАЈЧИТАНО

  • РАСПАД НА СИСТЕМОТ – проверка во вар-собата не е потребна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски удри по Мицкоски за навредите кон граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ возврати дека токму Жерновски живее на државна сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Британската МИ6 најмоќна надворешна разузнавачка служба во Европа, следна е француската

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk