– Повели Максим, вечерва од 20.00 часот на плоштадот во Куманово да видиш што е величествен град, величествен настан, да видиш што е горд кумановски и македонски народ, објавуваат од СДСМ.
„Повели Максим да чуеш како ечи НАЈДОБРОТО!
Што се однесува до твојата лажна загриженост за привремено остранета канделабра на кумановскиот плоштад, за што пишуваш на фејсбук, НАЈДОБРОТО ти порачува – после величествениот настан истата ќе биде на своето место, а после победата на Оливер Илиевски нашето Куманово ќе добие и многу многу повеќе од тоа:
Модерен плоштад и шеталиште.
Подземни сообраќајници и паркиралиште.
Нов партерно уреден кеј.
Две нови градинки.
Реконстриуиран градски стадион.
Обновена Спортска сала.
Комплетно зазеленување на градот.
Вело парк.
4 затворени спортски игралишта.
И тоа не е се!
Повели Максим вечер да чуеш што е НАЈДОБРОТО за Куманово!“, стои во објавата од СДСМ.