ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИЗБОРИ

Заев во Шуто Оризари: Носиме подобри услови за живот во секоја општина, во недела да гласаме за „Најдоброто“!

October 15, 2021 20:50
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Денеска претседателот на СДСМ Зоран Заев заедно со кандидатот за градоначалник Ферат Асан и носителката на листата за советници Нежмие Саитова се обрати пред граѓаните на Шуто Оризари, соопштуваат од СДСМ.

Претседателот Заев пред граѓаните истакна дека за СДСМ нема важна и неважна општина, а доказ за тоа се бројните инвестиции во Шуто Оризари.

Тој меѓу другото се осврна и на успесите што Владата предводена од СДСМ ги постигна во изминатите четири години.

„Овозможивме целосна вклученост на сите граѓаните во општеството. И со тоа покажавме дека се грижиме за сите. Ги враќаме парите кај граѓаните, помагаме на социјално загрозените граѓани преку социјалната помош од државата – но и извлекуваме од сиромаштија. Социјалната помош ја зголемивме за 300 проценти.
Вие знаете колку корисници на гарантиран месечен приход, на детски додаток, на образовен додаток, на социјална пензија, има само овде во вашата општина. Воведовме образовен додаток за основци и средношколци од семејства во социјален ризик.

Ја вративме евтината тарифа на струјата, ја укинавме радиодифузната такса и го намаливме ДДВ-то за парно. За три пати се зголемени минималната и просечната плата. Воведовме социјалана пензија за граѓаните кои немаат никаква пензија. Имаме рекордно ниска невработеност денес – од независноста на државата! Со сето ова ги обезбедивме сите предуслови да осигураме европскиот квалитет на живот во општините“, истакна Заев.
Заев ги повика граѓаните на Шуто Оризари во недела да дадат масовна поддршка на бројот 12 и концептот на СДСМ што води напред.

„За Шуто Оризари ја имаме најдобрата понуда, тоа е вашиот Ферат Асан, носителката на листата Нежмие Саитова, тоа е СДСМ и Коалицијата. Во недела да гласаме масовно за број 12, да гласаме за „Најдоброто“ за Шуто Оризари!“, повика Заев.

Next Post

Шилегов до Арсовска: Вие сте должник на ДПМНЕ, најкорумпираната партија во историјата

EVN

НАЈНОВО

МНР. Фото: Ангел Ангеловски

Македонското МНР со одговор на бугарското МНР: Бугарија се меша во нашите внатрешни работи со етикетирања

January 27, 2026
Фото: Скриншот

Нов инцидент: Пукање на агенти на ICE во Аризона, едно лице е во критична состојба

January 27, 2026
Илустрација Фронтлајн, генерирано со ВИ

Што е Војничевиот ракопис – мистеријата што одбива да биде прочитана

January 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk