ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Пладневен преглед: Излезеноста до 11 часот е 10,22 проценти, на некои изборни места проблем со уредите за биометриска идентификација на гласачите, во Скопје најголем број на заразени

October 17, 2021 12:00
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Вчера без проблем помина гласањето за болните, немоќните и лицара со ковид-19 во самоизолација. Започна гласањето и ќе трае до 19:00 часот, а правото на глас ќе го остварат сите лица што се запишани во изводот од избирачкиот список и поседуваат важечки документ за лична идентификација – лична карта или патна исправа. ЈО ги следи изборите, а акредитирани се и 1.045 домашни и странски набљудувачи.

ПОЛИТИКА, ИЗБОРИ И ИЗБОРНИ НЕРЕГУЛАРНОСТИ

Без проблем помина гласањето на Локалните избори 2021 за болните, немоќните и лицата со Ковид-19 и во самоизолација, чии пријави се прифатени од општинските изборни комисии, затворениците, лицата во притвор. Вчера вкупно гласале 10.653 гласачи, информираше вечерва на прес-конференција портпаролката на Државната изборна комисија (ДИК) Љупка Гугуческа.

Од вкупно обработени 2.544, односно 73,1 проценти од избирачките места на денешните Локални избори до 11 часот гласале вкупно 135 906 гласачи, односно 10,22 проценти, соопшти на денешната прес-конференција портпаролката на Државната изборна комисија (ДИК) Љупка Гугучевска, известува МИА.

Гласањето на локалните избори започнува во 7:00 часот и трае непрекинато до 19:00 часот. Ако гласањето биде прекинато подолго од еден час, тоа ќе продолжи за онолку време колку што траел прекинот, но не подолго од три часа. Во 19:00 часот гласачките места се затвораат. Право на глас има секое лице што е запишано во изводот од избирачкиот список и поседува важечки документ за лична идентификација – лична карта или патна исправа.

Јавното обвинителство информира дека во континуитет ги следи случувањата поврзани со изборниот процес преку формираната привремена Комисија за следење на евентуални нерегуларности поврзани со извршување на кривични дела од Глава 16 од Кривичниот законик – „кривични дела против изборите и гласањето“, како и други кривични дела кои би биле сторени при организирањето и спроведувањето на локалните избори.

Првпат на Локалните избори 2021 во процесот на гласање ќе се применуваат уреди за биометриска идентификација на гласачите. За потребите на 3480 избирачки одбори ДИК од германската компанија „Дермалог“ набави 4000 терминали. Со уредот за биометриска идентификација на гласачите ќе управуваат само претседателот или заменик претседателот на Избирачкиот одбор кои ќе имаат посебни картички што се дел од доверливиот избирачки материјал и се чуваат во избирачкото место.

За Локалните избори 2021 што се одржуваат денеска акредитирани се вкупно 1.045домашни и странски набљудувачи и преведувачи.

Во 80-те избирачки места во Општина Штип гласањето тече без поголеми проблеми. Претседателот на Општинската изборна комисија, Виктор Вацев за МИА вели дека од утринава имаат околу десеттина граѓани, на кои апаратите за отпечаток од прст не им ги препознаваат отпечатоците.

ПАНДЕМИЈА

Во земјава има вкупно 6.813 активни случаи на КОВИД-19 од кои најголемиот број 3.413 се во главниот град по што следат Куманово со 564, Велес со 318, Охрид со 218, Прилеп со 212 и Штип со 211. Најмалку активни случаи, по еден има во Демир Капија и Пехчево, следи Дојран со два и Македонски Брод со девет, а сите останати општини имаат двоцифрен или троцифрен број активни случаи.

М. М.

Next Post

До ЈО пристигнати неколку известувања за евентуални изборни нерегуларности на подрачјето за Скопје

Shortcut

Најново

Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

September 5, 2026

Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

September 5, 2026
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Глигоров и Филипче од Македонија

September 5, 2026

Проекција на пет кратки филма од македонски уметници во рамките на проектот „Жените и уметноста“

September 4, 2026

Филипче прашува за скриени 350 милиони евра, Мицкоски возвраќа дека СДСМ покажува економско непознавање

September 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk