ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Злото кое се јаде себе

October 18, 2021 13:38
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ФРОНТ
Бранко Тричковски

Бранко Тричковски

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Народот без филозофија, без свесна историја, интелектуално мек, духовно страшлив, народот кој што ужива во чесната и честитата уметност, што самиот си ја проектира, распекмезен народ на лирски стихоклепци, на фолклористи, пијанисти и глумци, тоа е мојот народ, моето пишување имаше задача македонскиот човек да го извлече од сите второстепени стварности и да го соочи  непосредно со двосмисленоста, да го турне во реалноста, па нека да се снаоѓа како умее, сакав да му го растурам детството…

Обаче, не!

Народот ми покажа дека моите напори се залудни и дека тој во едно симпатично мнозинство си ја сака својата невиност.

Но, не како радост, туку како инфантилност и неодговорност.

Како моќ да седи на рингла вклучена на деветка.

Е, па, океј, мој народе, што би рекла Валентина-седи си.

И топи се.

Кој те ебе.

Тој ден во кој гласот на неписмениот значи исто како и гласот на професорот, гласот на глупакот како и гласот на мудрецот, гласот на слугата како и гласот на велесопственикот, гласот на џепчијата колку и гласот на чесниот човек, за мене беше најлуд можен  ден. Не разбирам како тој фантастичен чин може во наредните неколку години да одредува нешто толку важно како што е  управувањето со земјата. На каква бајкичка се базира власта?! На кој начин таа фантастичност од пет епитети може да претставува основа на општественото постоење.

Се прашувал Гомбрович по изборот на Фрондизи за претседател на Агрентина.

Се прашувам и јас.

Не по изборот на Фрондизи, туку на Муцунски.

По локалните избори.

Какво чудо го донесе Тим Чо за градоначалник на Аеродром.

И го рехабилитира вмро.

И злото во некои други општини.

Како решивме да се самоубиеме.

Па нели е тоа е исто како барилата седмица некој да ти ги потопи во мочките на најстарите жители на Идризово.

Или на Аеродром.

Хахаха!

Јебига кога инатот е поголем од разумот.

Сеирот од  свеста.

Табиетот од совеста.

Кога народот кој беше жртва на злосторничкото здружување на вмро-дпмне, изразува спремност да биде извршител на злото.

И уживател.

Неверојатно!

По две недели нема да чекаме да не носат на плоштадот на општата гилотина.

Сами ќе треба да појдеме.

Да гледаме како врз вратот на Македонија паѓа балтијата на вмро.

Ќе се погрижам да бидам таму.

Да и отсечам макар едно уво.


Текстот е личен став на Авторот.

Next Post

Георгиески: Мора да победат искрените намери, вистинските проекти и мерки за подобар живот

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Кривични пријави за родителите на малолетничките кои претепаа 13-годишно девојче во Ѓорче Петров

May 5, 2026

Бочварски: За две години власта нема ниту еден нов проект, се фали со проектите на СДСМ

May 5, 2026

Мицкоски: Историски најниска невработеност и над 15.000 нови работни места во последната година

May 5, 2026
Илустрација Фронтлајн

Што знаеме за „Проектот Слобода“ на Трамп за Ормускиот Теснец?

May 5, 2026
Анаис. Мотив, Битола, чаршија

Дневен хороскоп со Анаис за 5 мај – Продлабочување во Стрелец

May 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk