РИБАРО
После добивањето на првичните резултати од првиот круг од Локалните избори, Мицкоски не можејќи да ја скрие еуфоријата, веднаш телефонски го побарал својот ментор и шеф во Будимпешта.
Изворите на АХА од белата палата на вмровците, го пренесуваат разговорот во целост:
Мицко: Шефе, пакувај ги куферите, се деси чудо. После во низа изборни катастрофи овие пет години, конечно кренавме глава водиме во првиот круг на локалните.
Грујо: А бе кочи Мицко, арно ти вели Заев, тоа се само локални и само прв круг. Ќе земеш некој градоначалник ќе вработиш вмровци кај што треба и нетреба, и толку е тоа. За власт да имаш, па јас да се вратам, треба на парламентарни да победиме. Знаеш ли кое зло и направивме на државата, па тоа слепци сите до еден да се недугави, нема да заборават толку брзо. Има да си подремиме во опозиција уште два мандати најмалку вакви какви што сме.
Мицко: А бе шефе, овие ќе излезе голем дел бааѓи со кратко паметење се. Нит НАТО, нит мато, нит плати нит бутур ги интересира. Најважно им е што не му завршил некој од СДСМ лична работа за нешто, што ја ставиле Перса место него на повисока позиција и такви лични ствари. А бе, од злоба ќе си ги извадат сами очите. А и со Димче добро изиграв, ене го двоцифрен е сега, го токмам за центарфор до парламентарните.
Грујо: Нека не те фаќа вознес, абдал. Не скокај предвреме. Она што треба да правиш е да кочиш сè во парламент. Ќе треба, да не можат да донесат закон, да не мрдни државата од место, нека пати народот, тоа се после на Заев ќе му го накалемат. Само тоа ни е спасот. И она Заев не го потценувај, види ме кај сум јас, Камчев, Гоца, Чавков, Мијалков, Миле… а види како него го пречекува западен свет. Ни поеба матер на сите со кроткото. Гледај, подгревај незадоволство прави шашма, нека врескаат нема правда.
Мицко: Шефе, сега, ќе доѓаш да ги спремам армоникашите на аеродром да те пречекаме, или, не те разбирам?
Грујо: Не, дрво едно, ќе ме апсат ако дојдам сега. Ама прави терен за да се вратам и слушај што ти се кажува.
Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана.
FRONTLINE.MK