ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Ковид-19: Се зголемува смртноста кај младите невакцинирани пациенти во Црна Гора

October 21, 2021 10:54
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Од појавата на делта варијантата на коронавирусот, бројот на заразени кај помладите луѓе расте, а со тоа и бројот на сериозно болни, што доведува до зголемена смртност кај овие пациенти, вели началникот на Пулмологија и лекар во црвената Ковид зона на Клиничкиот центар на Црна Гора (КЦЦГ) Владимир Јовановиќ.

Тој за Радио Слободна Европа (РСЕ) наведува дека од почетокот на вакцинацијата во мај оваа година до денес, само во ККЦГ веќе починале 15 пациенти со Ковид на возраст од 19 до 50 години.

– Ниту еден од нив не беше вакциниран и повеќето од нив претходно немаа сериозни здравствени проблеми, објаснува Јовановиќ.

– Бројките зборуваат сами за себе и тие покажуваат дека Црна Гора надминала две илјади починати, изјави за РСЕ Небојша Кавариќ, поранешен директор на Здравствениот дом во Подгорица и актуелен претседател на Комисијата за заштита и подобрување на здравјето на граѓаните на Подгорица.

– Имаме трагична ситуација кога умираат постари и помлади пациенти, адолесценти. Не ги спасивме и покрај сите протоколи во третманот. Жално е што овие инфекции можеа да се спречат со вакцинација, но за жал не беа, заклучува Кавариќ.

Со појавата на делта варијантата, смртноста од Ковид-19 се зголеми на глобално ниво, така што дневните бројки на смртни случаи во Црна Гора се зголемија во споредба со времето кога беше присутен таканаречениот вухански сој, вели пензионираниот епидемиолог Новица Вујошевиќ.

Тој за РСЕ како клучен проблем го наведува тоа што голем процент од граѓаните не сакаат да се вакцинираат. Вујошевиќ потенцира дека се залага за задолжителна вакцинација, не само на возрасните, туку и на децата.

– Не постапуваме рационално и одговорно, имаме вакцини на располагање како најефекасно средство против вирусот, но го „кренавме носот“, па не сакаме да се вакцинираме. За да започнеме да живееме нормално, треба да се вакцинираат најмалку 85 до 90 проценти од вкупното население, наместо сегашните 55 проценти од возрасната популација. Тоа е, според моја проценка, уште 250 илјади граѓани кои мора да се вакцинираат, вели Вујошевиќ.

Според Институтот за јавно здравје, само 37,9 од вкупното население ја примило втората доза на вакцината. Масовната вакцинација во Црна Гора започна на 4 мај.

Официјалните податоци покажуваат дека Црна Гора е на второ место по смртност од Ковид-19 во регионот, веднаш зад Северна Македонија.

Во Северна Македонија се регистрирани 336 смртни случаи на 100.000 жители, 324 во Црна Гора, 319 во БиХ, 223 во Словенија, 219 во Хрватска, 165 во Косово, 132 во Србија и 99 во Албанија.

Во Црна Гора, според најновите податоци, 2.050 луѓе починале од почетокот на пандемијата на коронавирусот.

извор: МИА

Next Post

Партијата за движење на Турците останува дел од владиното мнозинство

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk