ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Преглед на денот: Општините да ја зголемуваат транспарентноста, брзо се заборавија малтретирањата за време на ВМРО-ДПМНЕ

October 21, 2021 20:58
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Заев повика на обединување, ревакцинирани 46% од полнолетните граѓани во државата, владеачкото мнозинство останува стабилно, инфлацијата ќе биде 2,4 отсто 

ПОЛИТИКА; ПАНДЕМИЈА

Растот на македонската економија годинава ќе биде 4,6 проценти, а инфлацијата 2,4 отсто, со тенденција да се стабилизира, покажува најновиот Извештај на Светска банка.

Националниот координатор за стратегиски комуникации на Владата, Марјан Забрчанец денеска учествуваше на дебатата на тема „Како до поблиска соработка меѓу институциите и новинарите во борбата против дезинформации?“, во организација на Фондацијата Метаморфозис како дел од промоцијата на една платформа на WhatsApp за брза комуникација меѓу новинарите и претставниците на институциите.

Д-р Никола Стојановски, поранешен учесник во НОБ, прв преседавач на Собранието по осамостојувањето во 1991 година, долгогодишен пратеник, доктор педијатар, а сега и претседател на Главниот одбор на Сојузот на борци од НОАВМ, му испрати писмо со поддршка на лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Ја пренесуваме содржината на писмото во целост.

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска и претставничката на УНИЦЕФ во земјава Патриција Ди Џовани денеска одржаа работна средба, на која се зборуваше за можна соработка во процесот на отворање на  нов Дневен центар за деца со аутизам, за кој МТСП веќе обезбеди простор во Скопје.

Европската комисија потврди со уште еден извештај дека Северна Македонија ги исполнува критериумите да ги почне преговорите за членство и очекува првата меѓувладина конференција со која би бил означен стартот на преговорачкиот процес да се одржи до крајот на годинава. Останува да се отстрани единствената пречка – блокадата од Бугарија.

Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 57%, а со две дози опфатени се 46% од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 38% од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35% од популацијата во државата примила две дози вакцина.

Во оваа епизода, откриваме дезинформации за рушење на бугарски гробишта во 2018-19 за изградба на автопат кај Кавадарци, дезинформации на Александар Митовски од Инфомакс за фонтана за пингвини од 2 милиони евра, како и обид за измама со лажни „донации“ на Фејсбук преку лажен профил на Елизабета Пендаровска.

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, со СМС порака до партиските членови, ги повикува да разговараат со граѓаните, да уважат сечиј став и да повикаат на обединување.

ИЗБОРИ

,,Благодарам за можноста да се обратам кон скопјани, но жал ми е што ова е само интервју, а противкандидатката одбива да биде дуел. Не знам дали ќе имаме ТВ дуел до вториот круг, но очигледно е дека таа избегнува директни соочувања” кажа кандидатот за градоначалник на Скопје од СДСМ и коалицијата, Петре Шилегов на „Само интервју“ на Канал 5.

Горан Герасимовски, кандидатот за градоначалник на Центар од СДСМ и Коалицијата им порача на граѓаните дека општина Центар е срцето на градот и лулка на демократијата во нашата земја, а неговите сограѓани центарци секогаш избираат одговорна, транспарентна и демократска власт која ќе работи само во нивни интерес.

Во изминатите четири години го водев Скопје одговорно, чесно и посветено. Мојата единствена мисла беше изградбата на Скопје како модерна европска престолнина. Заедно направивме многу, започнавме развојни и инфраструктурни проекти кои 27 години беа запоставувани на штета на скопјани. Зад мене и мојот професионален тим има видливи и мерливи резултати. Убеден сум дека скопјани ќе ги препознаат и нема да дозволат тие да запрат, а Скопје повторно да назадува,

Пораката е примена, слушнат е гласот на народот. За нас и за нашето членство тоа е казна и го нареков „жолт картон”, за да можеме да бидеме уште подобри во периодот кој претстои, рече претседателот на СДСМ Зоран Заев, додавајќи дека треба поенергични реформи.

В.К

 

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Герасимовски: Бесплатна медицинска нега девет часа во неделата и посета на лекар еднаш во месецот за пензионерите од Центар

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Секојдневен хаос на „Фрањо Клуз“ во Аеродром – улицата заробена од несовесно паркирање, властите не реагираат

September 27, 2025

Општина Центар постави контејнери за лесно и бесплатно одлагање кабаст отпад

September 27, 2025

Резолуцијата на СДСМ е најпатриотскиот документ што некогаш бил поднесен, власта да не го одбива, порача Филипче

September 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Резолуцијата на СДСМ – шанса за деполаризација или нова алатка за дневна политика?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Политиката како диверзија или диверзијата маскирана во политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Драматичен протест во ОН: Делегати ја напуштија салата за време на говорот на Нетанјаху

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Астронаутите на „Артемис 2“ го именуваа „Integrity“ – вселенското летало што ќе ги лета околу Месечината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателката реши да го замете дворот на ЕУ, наместо прво да погледне во својот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk