Обелоденета шокантна тајна на Данела Арсовска, нема потреба од кризна состојба во енергетиката, цената на струјата останува иста до крајот на годината, исплата на пензии за месец октомври
ПОЛИТИКА; ПАНДЕМИЈА
Владата пред неколку дена ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за месец октомври 2021 година, и го задолжи Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 25.10.2021 година.
Јас сум борец човек, сум се борел против режим, се борев со храброста во одлуките на дипломатските маси, за меѓународните проблеми. Внатре сум се борел комплетно за да го соединам ова општество, за едно општество за сите. Сум носел храбри одлуки. Јас сум тука да се борам, изјави премиерот Зоран Заев во гостувањете во дневникот на Сител.
Во моментот нема потреба да се прогласи кризна состојба во делот на енергетиката, изјави денеска министерот за економија Крешник Бектеши, нагласувајќи дека до крајот на годината нема да има зголемување на цената на струјата за домаќинствата.
На виделина е вистината за кандидатката на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска. Денес обелоденуваме уште една тајна, чувана и криена од Арсовска. Ова е го документот, Арсовска во 2011 година се стекнала со бугарско државјанство.
Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 7.739 дози вакцини, од кои 748 се аплицирани како прва доза, 1.629 се ревакцинирани, а 5.362 граѓани примиле трета доза вакцина.
Европската агенција за лекови (ЕМА) објави дека дополнителната, засилувачка доза на вакцината „Модерна“ може да се даде на луѓе на возраст од 18 години и постари најмалку шест месеци по примањето на втората доза.
ФРОНТ
Има ли разлика помеѓу Скопје 2017 и Скопје 2021? 1) Скопје 2017: Град на етнички конфликти во кој се скандира „За Чиста Македонија“, против двојазичност и федерализација, за да не падне режимот на Груевски… пишува ЖАРКО ТРАЈАНОСКИ.
ИЗБОРИ
Мојата порака е борба, посебно до прогресивните сили, чуварите на иднината, интеграциската иднина на нашата земја и чуварите на вредностите на едно општество за сите, да излезат на изборите и да гласаат онака како што мислат дека е најдобро за нив, за нивните општини и за нашата татковина
Постои суштинска разлика меѓу мојата и програмата на мојот противник, а тоа се конкретните решенија кои ги нудам за трите клучни проекти сообраќајот, хигиената и урбанизмот, рече Горан Герасимовски во вечерашното гостување на „24 Анализа“ на Тв 24.
Предвидени се две нови градинки и проширување и реновирање на постоечките капацитети, со цел подобрување на условите за вработените и дечињата што се згрижени во нив, најави кандидатот за градоначалник на СДСМ, Душко Весковски.
Шилегов вечерва на интервју на Телма се осврна зошто и понатаму Арсовска бега од дебати. „Врвот на демократијата е всушност дебатата. Ние сме тука заради публиката, не заради нас самите. Ова мене ме потсетува на некои други времиња. Круна на демократијата е дебатата меѓу противкандидатите“ објасни Шилегов.
В.К