ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Пладневен преглед: Лага ли е ова или омраза, добро ја вежбале, ама заборавиле дека народ сè гледа

October 28, 2021 12:00
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

За жал, Софија и нејзините луѓе во Македонија не го одбраа нормалниот пат на отворена декларација кој е кој и што е што и на амбициите на поединците или заедницата врз основа на таа декларација. Верувам дека еден ден можевме да имаме и Бугарин за претседател. Или премиер, пишува Тричковски. Во моментов, успешната стратегија на ВМРО-ДПМНЕ во првиот круг од локалните избори за Скопје се заканува да се „распара“ по сите шевови, токму заради ризикот на игрите со лажните „независни кандидати“…пишува Орданоски.

ФРОНТ И РЕНДГЕН

Лага ли е ова или омраза!? … Луѓе кои ќе глумат македонски патриоти, ќе носат антибугарски резолуции, ќе ги напаѓаат договорите со Бугарија, сите чекори за зближување и на тој начин ќе нудат алиби за бугарските уценувачки и во суштина агресивни, на национална и територијална основа, политики. Ќе свикуваат квазинаучни конференции како храна на немирот, на хаосот, на огорченоста, на слабоста, на вербата, на небиднината. Тоа е така подмолно и расипано, пишува Бранко Тричковски.

Ќе ја потопи ли Данела и ВМРО-ДПМНЕ? Во моментов, успешната стратегија на ВМРО-ДПМНЕ во првиот круг од локалните избори за Скопје се заканува да се „распара“ по сите шевови, токму заради ризикот на игрите со лажните „независни кандидати“, за кои не можете да ја утврдите автентичноста на ставовите и уверувањата не само за купувањето нов автобуски возен парк за градот (и слични буџетски фантазии), туку и за тоа чиј државјанин е, пишува во најновата колумна на Сашо Орданоски.

Договор

ПОЛИТИКА И ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ
Заев: Од 1 јануари како ќе растат платите, така ќе растат и пензиите, секој 1 јануари и секој 1 јули ќе има покачување.
Груевски ќе биде екстрадиран во Северна Македонија, вети лидерот на унгарската опозиција. Ќе ги избркаме криминалните мигранти населени од ФИДЕС. Ќе ги екстрадираме Никола Груевски од Македонија, Заид Нафа од Јордан и други криминални мигранти населени од ФИДЕС, наведе Марки-Зај во објавата на Твитер.

Забрчанец: Добро ја вежбале, ама заборавиле дека НАРОД ГЛЕДА! Кога СЕ е јавно, лагата потешко проаѓа од вистината. Ти ја прашуваш “Дали имаш БГ лична карта како што е јавно приложено?”, а таа ти вика “Аааа не, ти си лажов, фризурата не ти чини”. Епа НЕ БИВА, не работи пропаганда од 2014-та во 2021-ва.Нема јасен демант, се чудат дури и вмровските медиуми како да ја бранат на толку јавни докази и факти. Паника во палатата.

Нема да дозволиме никој да ѝ го украде европскиот дух на Гевгелија и да ја врати во времето на барокот, изјави претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев во Гевгелија. Обединети – напред е единствениот концепт, којшто во себе го носи капацитетот да го остави режимот конечно во минатото, таму каде што му е местото, а да го осигура прогресот на државата и граѓаните. Обединети – напред е единствениот гарант за спокоен и квалитетен живот на секој човек во нашата, заедничка држава, Република Северна Македонија, рече лидерот на СДСМ пред гевгеличани.

Шилегов: Скопје ќе го има првиот аквариум во регионот. Со што овој објект ќе има и регионално влијание, односно планот е да стане една од „must see“ дестинациите при посетата во Скопје, како на наши граѓани од периферијата, така и гости од регионот, Србија, Бугарија, Албанија, Косово и Грција. На овој начин самата инвестиција ќе се врати мошне брзо, а самата институција ќе егзистира и вработува нови млади научници и љубители на акваристиката и подводниот свет.

(ВИДЕО) Жерновски: Ќе гласам за Горан Герасимовски затоа што сакам отворена и демократска општина. Од другата страна ги имаме оние коишто нарачуваа  шамари за мене, насилство врз советниците, коишто носеа гласачи од Пустец, оние коишто тепаа студенти истите оние коишто во 03:00 по полноќ сечеа дрва и носеа  урбанистички планови за нивни потреби“, рече Жерновски. Тоа се оние кои од вашиот џеб потрошија 800 000 000 евра за потребите на нивното Скопје 2014, продолжи Жерновски.

Нова сала за „Работнички“ по завршување на судскиот процес, вети кандидатот за градоначалник на Центар од редовите на СДСМ, Горан Герасимовски. Проблемот со „Работнички“ појасни Герасимовски е во тоа што салата е на приватно земјиште коешто е продадено во време на ВМРО-ДПМНЕ за многу ниска цена и за кое што има судски спор. Притоа Герасимовски и забележа на Котлар дека на телевизија и со флаери излегува со ветување дека на истото земјиште ќе има нова сала која е невозможно ниту да се реконструира додека трае судскиот спор.

Наташа Котлар со „кратки нозе“ за загадувањето во Скопје. Едно е тоа што се зборува во кампања, а друго фактите и реалноста. Зачудувачки, кандидатката Котлар, за да ја испрати оваа невистинита порака и да вети нови дрвореди и борба против бетонизација на градот, одбра локација позната кај граѓаните по бруталното задушување на протестот на паркобраните со полиција, по што следеше уништување на паркови, дрвореди и бетонизација спроведена токму од партијата чијшто кандидат е таа.

И. Т. З. 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Студија: Потребни се пет трилиони долари годишно за борба против климатските промени

НАЈНОВО

Марковски најави спортско-рекреативен зелен појас низ Скопје

October 4, 2025
Фото илустрација, генерирано со ВИ

Бабиш прогласи победа на неговото движење АНО на изборите во Чешка, премиерот Фиала му честиташе

October 4, 2025

Марш за Палестина во Скопје: „Нема да молчиме пред геноцидот“

October 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Филипче: Скандал, ДПМНЕ склучи договор со ИРД за надзор, фирмата која беше за нив криминална

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Душата е важна, но не без ич мозок!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Реакција од Белата куќа на шегата на Еди Рама со Макрон и Алиев

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Белата куќа ја повлече номинацијата на Марк Брновиќ за амбасадор во Србија, тој обвинува за „длабока држава“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Мисијата е силен застапник на Охридскиот рамковен договор“ – ОБСЕ со порака по одлуката за укинување на двојазичноста на униформите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk