ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИЗБОРИ

Заев: Нема да дозволиме никој да ѝ го украде европскиот дух на Гевгелија и да ја врати во времето на барокот

October 28, 2021 07:44
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter
Нема да дозволиме никој да ѝ го украде европскиот дух на Гевгелија и да ја врати во времето на барокот, некаде во минато време. Гевгелија, којашто е со отворени порти кон Европа, знам дека нема да дозволи режимот да се инсталира во градот и налик на Скопје, да ви донесат бикови, шмизли, лавови, а вас граѓаните да ве затворат со изолација, во мрак, рече лидерот на СДСМ Зоран Заев вечерва од Гевгелија, барајќи ја поддршката од граѓаните за актуелниот градоначалник и кандидат за нов мандат, Сашко Поцков.

Заев истакна дека не одат заедно режимот и демократијата, европските вредности и режимските методи на владеење.

-Обединети – напред е единствениот концепт, којшто во себе го носи капацитетот да го остави режимот конечно во минатото, таму каде што му е местото, а да го осигура прогресот на државата и граѓаните. Обединети – напред е единствениот гарант за спокоен и квалитетен живот на секој човек во нашата, заедничка држава, Република Северна Македонија, рече лидерот на СДСМ пред гевгеличани.

Тука сум, како што нагласи Заев, заедно да потврдиме дека продолжуваме по патот којшто носи прогрес за сите. – Тоа е можно, ако дадете поддршка за уште еден градоначалнички мандат на Сашко Поцков! Сашко ја има мојата поддршка, ја има поддршката на Социјалдемократскиот сојуз и ја има поддршката на коалициските партнери од коалицијата Обединети – напред, рече лидерот на СДСМ.

Заев во Гевгелија разговаше и со стопанствениците и со граѓаните за, како што вели, да има нови покачувања на минималната плата на 18.000 денари и на просечната плата, над 30.000 денари.

-Заеднички продолжуваме напред и даваме поддршката на домашните фирми и на многубројните нови странски инвестиции. Заедно обединети отвораме нови работни места за сите да се на сигурно, истакна Заев.

Претходно, претседател на СДСМ беше во Демир Капија и Росоман, каде ги повика граѓаните на 31 октомври да го заокружат бројот 12.

-На 31 октомври треба да го потврдиме напредокот, Демир Капија и сите други општини да продолжат напред, да не ризикуваме да скршнеме од патот и да се вратиме назад, а напред продолжуваме со заокружување на број 12, порача Заев.

На  средбата со граѓаните на Росоман посочи дека пензискиот фонд е стабилен и гарантира пензии за сегашните и идните пензионери.

-Од 1 јануари ќе го воведеме и вториот критериум – како растат платите да растат и пензиите. Секој први јануари и секој први јули ќе има покачување меѓу 300 и 700 денари покачување два пати годишно. Субвенциите ги насочивме кон индивидуални земјоделски производители, субвенциите се наплаќаат навремено и се зголемени, најави лидерот на СДСМ во Росоман./МИА/.

Next Post
Бранко Тричковски

Лага ли е ова или омраза!?

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk