ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Апел до националистите да не ми ја чепкаат партизанската фамилија

October 29, 2021 00:14
in ZOOM IN, АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, ФРОНТ
Марјан Забрчанец

Марјан Забрчанец

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: МАРЈАН ЗАБРЧАНЕЦ

Вчера вечер, од дувлата на осоколената националистичка пропаганда излезе една мизерна лага која малкумина ја забележаа и за која важи тезата „вмро лаже, партизаните не лажат“.

Имено, папагалите на Алфа, еден стенд-ап комичар на фејсбук и еден квази портал што го срами името “Република” изнесоа лаги кои во теорија не ја заслужуваат мојава реакција, но во исто време тоа беа лаги кои ја вознемирија мојата фамилија Забрчанец во Прилеп.

Националистичката пропаганда синоќа изнесе лаги и клевети спакувани во прашална форма, дека јас сум бил наводно потомок на “подмочан благонадежен Блгарин” Божидар Забрчанец кој наводно и служел на “фашистичката окупаторска армија”.

Му благодарам на дувлото што ми ја мобилизираше партизанската прилепска фамилија Забрчанец, и што ме натера да се соочат со антифашизмот со факти и докази кои нема да им се допаднат:

  1. Дедо ми, Димитар (Димче) Забрчанец, на татко ми татко, е најмалиот брат на Божидар (Бошко) и на Спиро Забрчанец. Димче имал 15 години за време на Втората светска војна, бил калфа во градска фурна, печел леб и им носел храна на партизаните кои се криеле под и зад Маркови Кули.
  2. Во истото време, браќата на дедо ми, Бошко и Спиро, биле повозрасни од Димче и биле асли партизани. По Спиро е именувана и цела Месна заедница во Прилеп, Месна заедница со свој општествен објект/дом „Спиро Забрчанец“ (куриозитет на прогресивноста: првата техно журка во Прилеп се организираше во домот Спиро Забрчанец во 1995 година).
  3. Бошко Забрчанец е борец на Петтата Македонско народноослободителна Бригада – Прилепска (види прилог), кој после антифашистичкиот ангажман станува воено лице во Рашка, Србија каде се стекнал со чин мајор. Бошко бил меѓу многуте Македонци прилепчани кои во 1942-43 биле принудно однесени во Бугарија под закана дека ќе бидат стрелани. Бошко успева да се врати во Македонија и за време на војната се приклучува на своите другари партизани.
  4. Спиро Забрчанец е борец во НОВ одликуван со Орден заслуги за народ, Орден за храброст и со пофалници од работните организации, прилепски СКОЈ-евец, дел од оние 54 лица од Прилеп кои во 1943 година биле одведени во концентрациониот логор Ени Кеј (село Крсто Поле), Ксанти, а подоцна бил депортиран и на Бело Море.

Спиро успева да избега од Бело Море, се враќа во Македонија, најпрво се крие од фашистите, а потоа продолжува да се бори со другарите Партизани.

  1. Да сумирам, Димче, Бошко и Спиро Забрчанец се тројца браќа, истакнати антифашисти. Димче бил дете и им печел и носел леб на партизаните, Бошко бил партизан и подоцна воен мајор, а Спиро е борец со ордени за храброст.

Погледнете ги фотографиите и документите.

Вака изгледа уште еден непобитен, потврден, современ пораз на националистите.

Голем поздрав до мојата фамилија, особено до Наташа, Дарко, Кате, Горде, Анче, Цветанка и Ицко Забрчанец од Прилеп кои ја поддржаа оваа фактографија и во чие име го пишувам овој пост.

Слава им на починатите Спиро, Бошко и Димче Забрчанец и на нивните синови.




Фејсбук линк до објавата

 

 

Next Post

Нови 6.800 комплети спортска опрема за Армијата– министерката Шекеринска денеска на промоција

Shortcut

Најново

Живите лежечки полицајци

October 12, 2026
Референдумско изјаснување во Словенија, 11 октомври 2026 (Wikimedia Commons)

Референдумите ја поделија Словенија: Јанша загуби во клучното гласање, но доби поддршка за построги мерки

October 12, 2026
Михаил Звинчук

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Звинчук и неодговорените прашања за руските мрежи на Балканот

October 11, 2026

Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

October 10, 2026
Запорижиа, 10 октомври 2026 (ДСНС)

Црн биланс од руските напади минатата ноќ во Украина: 12 загинати, меѓу нив три деца во Запорижја

October 10, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мартин Тасевски

    Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Отсуство на чувството за време

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Anthropic меѓу Пентагон и технолошките гиганти: Безбедноста, цената и контролата стануваат поважни од најмоќниот модел на вештачка интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk