ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Спасов: Се вмешува ли Русија во нашите локални избори?

Има се поголем број индиции дека "независната " кандидатка Данела за градоначалник на Скопје е добро планирана инсталација од бугарските служби во соработка со режимот на Орбан и му е сервирана на Мицковски во замена за подршка.

October 29, 2021 22:16
in ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Share on FacebookShare on Twitter

Русија не е среќна со нашето членство во НATO. Дипломатските односи со протерувањето дипломати ни се на најниско ниво.

Таа не беше среќна ниту со членството во НАТО на Црна Гора и таму вложи големи напори преку Српската православна црква и други српско руски инсталации да ја смени власта и да ја разниша независноста на земјата.

Кога веќе имаше моќ да се замеша во изборите за претседател на САД, некој веќе требаше да помисли и дека ќе проба да им помогне на сите што се на нејзина страна во глобалниот судир со САД, па и на оние во Македонија.

Сега пред вториот круг на локалните избори полека картите се отвораат.

  1. Има се поголем број индиции дека “независната ” кандидатка Данела за градоначалник на Скопје е добро планирана инсталација од бугарските служби во соработка со режимот на Орбан и му е сервирана на Мицковски во замена за подршка. Таа дури откако се дознава за нејзиното бугарско државјанство, членувањето во Надзорниот одбор на бугарска банка и соработката со бугарското здружение “Тодор Александров” изјавува дека нејзина цел била “да се порази националното предавство на Заев” со кое Македонија стана членка на НАТО и на ЕУ.
  2. Не случајно кандидат за градоначалник на општина Центар станува историчарката Наташа Котлар, која стана позната по своето остро противење на договорите со Грција и Бугарија и често говори за “предавничката” политика на Заев која таа ќе се борела да биде поразена.
  3. Во првиот круг од локалните избори на општо изненадувње, во оштината Карпош не влегува во вториот круг докторот Оливер Зафиривски туку “независниот” Стефчо Јакимовски познат како Гагарин од Подржикоњ.
  4. И уште не се оладија изјавите на рускиот стипендист Апасиев со цитирање на Фидел Кастро дека нема да колицира со никого пред вториот круг, тој направи мнозинство во Советотот на Скопје со Мицковски.

Левица е позната по својот анти НАТО став и против сите договори од Рамковниот до Преспанскиот и оној со Бугарија.

А коалицирале само со цел да биде поразена сегашната политика на власта и да вртиме што е можно полево кон Русија.

Сето ова може на некого да му се чини како параноја и барање изговор за неуспехот на СДСМ во првиот изборен круг. Но, заслужува да се размисли дали не станува збор за поголема политичка игра во која се вплеткани сериозно Бугарија, Русија, Орбан и Груевски и нивните политички миленичиња во Скопје.

Ова што тие го прават не е Коалиција за модерно Скопје, за булевари и електрични автобуси, тоа е Коалиција против надворешната политика на Заев и на владата со која стекнавме меѓунаредон углед и станавме членка на НАТО.

Тоа е Колиција за некоја многу неизвесна “нова иднина”.

Останува само прашањето на што се темели подршката за една таква групација од Алијансата на Албанците и Алтернатива. Свесни ли се и тие што подржуваат?

И ако ова се случува пред локалните што ли ќе се случува пред парламентарните. Ќе биде ли вратена Македонија многу чекори назад и дали овој пат Бугарија со своите блокади и уцени ќе ја одигра за потребите на Русија улогата на одвраќач на Македонија од НАТО и од ЕУ како што Србија денес ја игра таа улога за Русија на теренот на Црна Гора.

Фејсбук објава од Ѓорѓи Спасов

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post
Бранко Тричковски

Играчка на навивање

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Секојдневен хаос на „Фрањо Клуз“ во Аеродром – улицата заробена од несовесно паркирање, властите не реагираат

September 27, 2025

Општина Центар постави контејнери за лесно и бесплатно одлагање кабаст отпад

September 27, 2025

Резолуцијата на СДСМ е најпатриотскиот документ што некогаш бил поднесен, власта да не го одбива, порача Филипче

September 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Резолуцијата на СДСМ – шанса за деполаризација или нова алатка за дневна политика?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Политиката како диверзија или диверзијата маскирана во политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Драматичен протест во ОН: Делегати ја напуштија салата за време на говорот на Нетанјаху

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Астронаутите на „Артемис 2“ го именуваа „Integrity“ – вселенското летало што ќе ги лета околу Месечината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателката реши да го замете дворот на ЕУ, наместо прво да погледне во својот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk