Теута Арифи призна пораз во Тетово и му посака успешна работа на Биљал Касами. Општина Тетово ќе биде водена од мојот противкандидат. Му посакувам успешна работа, Тетово е град со многу предизвици“, кажа Арифи на прес-конференција.
Во Карпош, Центар и Чаир одѕивот поголем отколку во првиот круг. Според податоците на ДИК од обработени 98,04 проценти избирачки места, до 18:30 часот, најголем е одѕивот во Карпош 53,50 отсто, што е за 3,72 проценти повеќе во однос на првиот круг кога беше 49,78.
ДИК: Излезноста до 18:30 часот е 48,88 проценти. Најголема излезност има во Вевчани – 81,2 проценти, потоа во Росоман – 80,81 процент и Демир Капија – 80,37 проценти, додека во останатите општини излезноста е под 78 проценти. Најмала излезност има во Сарај – 28,12 проценти.
Во Скопје, највисок одѕив во Карпош од 47,10 %, во цела земја 42,44 отсто. Во Скопје, најголем одѕив има во Карпош или 47,10% според 99,86% обработени податоци од Државната изборна комисија. Во првиот круг одѕивот до 17 часот во оваа општина изнесувал 41,99 проценти.
Потензичен втор круг, евидентирани нерегуларности, зголемена нетрпеливост кон набљудувачите, нотира ЦИВИЛ. Евидентирани и проблеми со фингер апаратите, повреда на избирачко право на лица со попреченост, како и повреда на КОВИД протоколите и непочитување на мерките за време на гласањето (две избирачки места во една просторија).
Ангеловски: Изборниот процес се одвива генерално мирно, без посериозни нарушувања на јавниот ред и мир. По отворањето на гласачките места до 11.00 часот, информира тој, регистрирани се два настани во Кичево и еден во Тетово.
МВР: Од политичка партија пријавено агитирање и нудење поткуп за гласање во Кочани. На 30.10.2021 во 14.20 часот во Полициската станица Кочани, од политичка партија било пријавено дека М.М.(63) од Кочани агитирал врз Ш.И. нудејќи и паричен надоместок за да гласа за еден кандидат за градоначалник.
И. Т. З.