ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Преглед на денот: Заврши изборниот ден, се бројат гласови, Арифи призна пораз во Тетово

October 31, 2021 21:58
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

Теута Арифи призна пораз во Тетово и му посака успешна работа на Биљал Касами. Општина Тетово ќе биде водена од мојот противкандидат. Му посакувам успешна работа, Тетово е град со многу предизвици“, кажа Арифи на прес-конференција.

Во Карпош, Центар и Чаир одѕивот поголем отколку во првиот круг. Според податоците на ДИК од обработени 98,04 проценти избирачки места, до 18:30 часот, најголем е одѕивот во Карпош 53,50 отсто, што е за 3,72 проценти повеќе во однос на првиот круг кога беше 49,78.

ДИК: Излезноста до 18:30 часот е 48,88 проценти. Најголема излезност има во Вевчани – 81,2 проценти, потоа во Росоман – 80,81 процент  и Демир Капија – 80,37 проценти, додека во останатите општини излезноста е под 78 проценти. Најмала излезност има во Сарај – 28,12 проценти.

Во Скопје, највисок одѕив во Карпош од 47,10 %, во цела земја 42,44 отсто. Во Скопје,  најголем одѕив има во Карпош или 47,10% според 99,86% обработени податоци од Државната изборна комисија. Во првиот круг одѕивот до 17 часот во оваа општина изнесувал 41,99 проценти.

Потензичен втор круг, евидентирани нерегуларности, зголемена нетрпеливост кон набљудувачите, нотира ЦИВИЛ. Евидентирани и проблеми со фингер апаратите, повреда на избирачко право на лица со попреченост, како и повреда на КОВИД протоколите и непочитување на мерките за време на гласањето (две избирачки места во една просторија).

Ангеловски: Изборниот процес се одвива генерално мирно, без посериозни нарушувања на јавниот ред и мир. По отворањето на гласачките места до 11.00 часот, информира тој, регистрирани се два настани во Кичево и еден во Тетово.

МВР: Од политичка партија пријавено агитирање и нудење поткуп за гласање во Кочани. На 30.10.2021 во 14.20 часот во Полициската станица Кочани, од политичка партија било пријавено дека М.М.(63) од Кочани агитирал врз Ш.И. нудејќи и паричен надоместок за да гласа за еден кандидат за градоначалник.

Повреда на тајноста на гласањето од страна на членови на ИО. На ИМ 0725, Аеродром, во ОУ,,Гоце Делцев,, Лисиче, забележана повреда на тајноста на гласањето од страна на членови на Изборен Одбор, имињата на гласачите се читаат на глас од страна на членови на ИО.

Во Дом на АРМ гласањето почна дури во 9:45 поради проблеми со фингерпринт апаратите.

Во ОУ „25 Мај“ во Гази Баба граѓаните гласаат зад импровизирани паравани направени од хамери. На ИМ 2509/1, во ОУ „26 Мај“, Гази Баба, гласањето започна со тоа што една кутија не беше врзана. По реакцијата на набљудувачката на ЦИВИЛ беше корегериано и ја врзаа кутијата. Во истото училиште на 11 избирачки места има само по 1 параван, а на два избирачки места гласањето започна со импровизирани паравани.

Тензично во Кочани, уредник на еден портал се заканува со убивање. Лидер на една политичка партија и пратеник од истата партија заедно со екипа на еден интернет портал го кршат изборниот молк, вршат притисок и се закануваат на Ромите во Кочани, се вели во извештаите од теренот.

И. Т. З. 

Next Post

(ВО ЖИВО) Изборен рапорт на ЦИВИЛ

Shortcut

Најново

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Ј. Ѓорѓиоски

    Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk