ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Преглед на денот: Стево Пендаровски се сретна со Бајден, нема повлекување на оставката на Заев-брифинг од неговиот кабинет

November 2, 2021 21:02
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Нема можност за „брзи избори“ во Македонија, бидејќи и „најбрзите“ би биле некаде за време на идната пролет, пишува Орданоски.Ќе се направат сите напори да има доволно електрична енергија и да се ублажи ценовниот ефект, најави Бесими. Клукајдрвците „инфлуенсери“ на протест пред белата палата. Обвинет во предметот „Шпански скали“ стана претседател на Советот на Аеродром. Старо-новиот градоначалник на Карпош во петок на суд

ПОЛИТИКА, ЕКОНОМИЈА, ПАНДЕМИЈА

Владините партнери го потврдија стабилното парламентарно мнозинство и се против оставката на Заев. На средбата заеднички е констатирано дека не се потребни предвремени парламентарни избори, бидејќи тие единствено би ја втурнале земјата во политичка, економска, општествена и безбедносна криза, но исто така ќе ги закочат и процесите на европски интеграции.

Стејт департмент: Ги следиме случувањата во Северна Македонија, соработката со Владата продолжува. Во изјавата се нагласува дека „САД ја сметаат Северна Македонија како доверлив и ценет партнер во регионот, и со нетрпение очекуваат да продолжи соработката со Владата на Северна Македонија во областите од заеднички интерес додека го продолжува напредокот што го постигна кон евроатлантската интеграција“.

На барањето на Наставничкиот пленум за зголемување на платите на сите вработени во образованието за 20 отсто од почетокот на идната година, Министертството за образование и наука одговори барањето да биде упатено до пратениците во Собранието  каде, како што наведува во соопштение, со месеци е заглавен предлог-законот со кој се обезбедува континуиран раст на платите на наставниците. За жал, овој закон со кој се унапредуваат наставничките права e блокиран од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.

Европската комисија се воздржува од коментар за најавата на премиерот Зоран Заев дека поднесува оставка, поради резултатите на локалните избори, јави дописничката на МИА од Брисел. МИА побара реакција за оставката на премиерот Заев, но од Европската комисија кусо прокоментираа дека земјата „треба да продолжи со реформите за ЕУ“, без повеќе детали.

Не е точно дека планот на премиерот е да ја одолговлекува оставката до декември, брифираат од Кабинетот на Зоран Заев.

Според проекциите за вработеноста, стапката на учество на вработените во вкупното население до 2027 година ќе се зголеми на 60 проценти, додека стапката на невработеност ќе опадне на 11 проценти за работоспособното население.

Каракачанов: Не можеме а да не бидеме загрижени за победата на ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори. Тоа се оние кои зборуваа за потребата од раскинување на договорот, за обновувањето на натписите на спомениците кои ја карактеризираат нашата земја како фашистички окупатор и кои повикаа на општа дипломатска офанзива на ЕУ против Бугарија, изјави Каракачанов.

Американската амбасада известува дека македонскиот претседател Стево Пендаровски, имал кратка средба со американскиот претседател Џо Бајден, во Глазгов каде што се одржува 26-та конференција на ОН за климатски промени „COP 26“.

Според проекциите за вработеноста, стапката на учество на вработените во вкупното население до 2027 година ќе се зголеми на 60 проценти, додека стапката на невработеност ќе опадне на 11 проценти за работоспособното население.

Во „Кратки нозе“, откриваме дезинформации за купување гласови во Струга од страна на министерот Јетон Шаќири. Ви откриваме и невистини за електронско гласање во земјава, како за тоа која е прва-жена градоначалник на Скопје.

Луѓето со одредени гени и карактеристики на крвната слика речиси не се заразуваат со коронавирус, открија руски научници во посебна студија. Водач на студијата е директорот на Истражувачкиот институт за епидемиологија и микробиологија Пастер во Русија, Арег Тотолијан, кој е и член на Руската академија на науките.

Сите ние како политичари правиме слика во општеството дека изборите се нешто фатално, истакна градоначалникот на Валандово од СДСМ, Перо Костадинов во гостувањето на Топ тема, додавајќи дека народот на изборите покажал дека му е „преку глава од се“ и ниедна политичка партија нема зголемување на гласовите.

Од Институтот за јавно здравје информираат дека во текот на мината недела вкупно се пријавени 38 реинфекции, зголемување од 5,6% во однос на претходната недела. Од почетокот на пандемијата до  31.октомври  вкупно се регистрирани 734 лица кои што по втор пат станале позитивни на ковид-19.

СКАНДАЛ

Обвинет во предметот ,,Шпански скали” стана претседател на Советот на Аеродром. Заедно со Миле Јанакиески и уште 9 други лица се товарат дека со незаконската продажба на парцелите пред зградата на ЕВН на плоштадот во Скопје, ја оштетиле државата за 2,6 милиони евра.

 

ЛАЖНИ ВЕСТИ

Во видеото споделено во постот, шведскиот лекар д-р Енби, кому му била одземена медицинската лиценца во 2007 година,  прикажува фотографии на својот компјутер за кои тврди дека се микроскопски приказ на вакцината „Фајзер“,  а честичките што се движат на екранот, наводно, се живи микроорганизми. Д-р Амеш Адаља, виш научник во Центарот за здравствена безбедност „Џон Хопкинс“, е категоричен дека не е можно вакцините да содржат живи паразитски агенси, пишува „Вистиномер“.

В.К

 

Next Post

Победи најголемата несреќа на Македонија

Shortcut

Најново

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Ј. Ѓорѓиоски

    Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk