Каролина Гочева, Дуке Бојаџиев и Бранко Николовски од Фолтин, денеска на Јутјуб го лансираа нивниот сингл насловен „Крв да ни се стори“.
„Крв да ни се стори“ е танц на копнеење во двојка… од првиот, срамежлив чекор облеан во топлото есенско сонце, до вртоглавиот вител потопен во безумното вечерно вино.“, вели Бранко Фолтин, ака Пијан Славеј во објава на Фејсбук.
– Нова соработка со стари пријатели. Секогаш големо уживање, вели Дуке Бојаџи.
– Некогаш, од неврзан „битолски“ муабет во „dm“ може да се роди нешто баш убаво, ќе напишат на Фејсбук Авалон Продукција.
Музиката и текстот е на Пијан славеј, аранжманот го потпишува Дуке Бојаџиев, а како продуценти се потпишуваат: Дуке Бојаџиев, ОХО продукција и Ивица Јанкуловски.
Ј. Ѓ