ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Кацарска – Спано: Потребна поширока и систематска примена на јуриспруденцијата на ЕСЧП во праксата на Уставниот суд

November 5, 2021 16:33
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Во рамки на Конференцијата „Ефикасен поврат на имот во согласност со европските стандарди“, која се одржува во Скопје,  се одржа заедничка работна средба на претседателот на Европскиот суд за човекови права, Роберт Спано со претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска.

Како што соопштија од Уставен суд, на средбата присуствуваа и Јован Илиевски, судија во ЕСЧП, Абел Кампос, заменик регистрар на ЕСЧП, Агим Нухиу, заменик министер за правда и претставници на други институции, како што се Јавното обвинителство, Судскиот совет, Советот на јавни обвинители,  Бирото за застапување на Република Северна Македонија пред ЕСЧП и на Академијата за судии и јавни обвинители.

По завршувањето на оваа средба, посебна средба одржаа претседателката на Уставниот суд, Кацарска и претседателот на Европскиот суд за човекови права, Роберт Спано, на која беше презентирана работата и надлежностите на Судот, а посебен акцент беше ставен на заштитата на слободите и правата пред Уставниот суд.

-Беше разговарано за можноста за  овозможување поголем број правни субјекти да може да бараат уставно-судска заштита, нешто што произлегува од генералната обврска на секоја држава да ги штити слободите и правата на сите лица кои се наоѓаат на нејзина територија. Исто така, од двата соговорника беше изразена согласност за важноста за поширока и систематска примена на јуриспруденцијата на Европскиот суд во праксата на Уставниот суд, се наведува во соопштението.

Претседателот на Европскиот суд за човекови права, Спано, се додава, на крајот на средбата упатил лична покана до претседателката на Уставниот суд, Кацарска, како и до сите судии, за остварување работна посета на ЕСЧП, на која подетално би се разговарало за темите за кои станало збор на денешната средба.

извор: МИА

Next Post

Вистиномер: Со стара фотографија се шири дезинформација за сквернавење на споменикот на децата бегалци

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk