Универзитетскиот професор, Мехмет Калиси, на социјалните мрежи го коментира најновиот развој на настаните во земјава, по обидот за формирање коалиција меѓу албанските политички партии Алијанса за Албанците, Алтернатива и БЕСА со ВМРО-ДПМНЕ и ЛЕВИЦА.
Калиси вели дека БЕСА и АА се производ на предавства.
„Да бев македонски Албанец и да имам можност да бирам помеѓу две опции за коалицирање со ДУИ или АА и БЕСА, дефинитивно би ја избрал опцијата ДУИ. Од многу едноставна, логична причина. Сегашната Беса и АА се производ на предавства. Штом еднаш ќе изневериш, зошто да не го повториш тоа?!“ напиша Калиси.
Многумина во земјата и во регионот денеска, по навестувањето на коалицијата, различно реагираа, нарекувајќи ја коалицијата Левиќ, а некои и Коалиција на срамот.