ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Активни над 8 илјади случаи на ковид-19

November 8, 2021 07:57
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА
Ковид амбуланта Скопје. Фото: МИА

Ковид амбуланта Скопје. Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Уште е троцифрен бројот на новозаболени од Ковид-19 во државата, откако вчера беа регистрирани нови 454 заразени. Со ова, во моментов, активни се над 8 илјади случаи.

Досега во земјата се направени вкупно 1.407.769 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 206.077. Оздравени се 190.806 пациенти, а починале 7.232 лица. Бројот на активни случаи е 8.039.

Согласно последниот извештај на Министерството за здравство, најмногу новозаболени има во Скопје, потоа Битола, Прилеп, Куманово и Штип.

Во текот на вчерашниот ден беа регистрирани 236 оздравени пациенти, а починале 14 лица.

Дневната статистика во регионот е загрижувачка. Во Бугарија вчера беа регистрирани нови 2.826 заразени лица со коронавирус или вкупно 112.651 активни случаи. Тоа се 1.908 случаи помалку од претходниот ден.

Од почетокот на пандемијата со КОВИД-10, во Бугарија починале 25.005 граѓани.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, во Бугарија се зголемува бројот на лица во болниците и Одделенијата за интензивна нега. Изминатите 24 часа се направени 46.388 тестови. Процентот на позитивни е 6,1 отсто.

Вкупниот број на починати во Бугарија од почетокот на пандемијата веќе достигна 25.005. Бројот на хоспитализирани е 8370, што е за 108 повеќе од петокот.

Официјалните податоци покажуваат зголемување на бројот на пациенти примени на интензивна нега, што значи, според локалните експерти, притисокот врз здравствениот систем во Бугарија ќе зголемување. На Одделенијата за интензивна нега има зголемување во однос на петокот кога биле 724, а во саботата нивниот број се зголеми на 732.

Вчера во Бугарија беа дадени 6.749 дози вакцини, со што се дојде до вкупната бројка од 2.960.810 дадени дози.

И во Грција состојбата не е добра, поради што деновиве таму на сила стапија нови рестриктивни мерки.

Сертификатот за вакцинација, потврдата за прележаните и негативен тест за невакцинираните, заедно со документ за лична идентификација, станува задолжителен за влез во речиси сите затворени простори во Грција. Исклучок се маркетите и продавниците за храна, аптеките, бензинските пумпи и црквите.

Во Србија пак, за првпат беше регистриран и делта плус сојот, што претставува полоша форма на вирусот.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кој вчера на Белградскиот саем прими трета доза вакцина против коронавирусот, повторно апелираше граѓаните да се вакцинираат.

Тој вчера изјави дека презема дел од вината што државата, како што рече, навреме не ги донела најпаметните решенија во борбата против епидемијата. /МИА/.

Next Post

Венецуела почнува со вакцинација против ковид 19 на деца над две години

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на Frontline Press и ЦИВИЛ само во книжарницата „Или-Или“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ретрограден Меркур во 2026 година – што значи и кога ќе се случува

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk