Претседателски избори во Никарагва.
Претседателот на Никарагва, Даниел Ортега, со немилосрдна кампања ја приклешти опозицијата и предизвика страв кај гласачите, само да ја обезбеди неговата победа во претседателските избори. Групите за човекови права рекоа дека тоа е јасен знак дека Ортега прави сè за да ги елиминира протестите и да ја уништи секоја конкуренција. Опозицијата имаше само еден повик до гласачите – да останат дома. Од јуни досега се уапсени 39 политички личности, бизнисмени, студенти и новинари, вклучително и седум кандидати кои би можеле да претставуваат закана за Ортега на изборите.
Ортега вчера (недела 7.11.2021) обезбеди реизбор за четврти петгодишен мандат а Вашингтон ги опиша овие избори како „комедија“.
„Она што денеска го организираа претседателот на Никарагва и неговата сопруга Муриљо беше пантомима на избори кои не беа ниту слободни, ниту фер и секако не беа демократски“, рече американскиот претседател Џо Бајден во изјавата објавена од Белата куќа за изборите кои ги окарактеризираа како „комедија“.
Дијалог со Ортега:
Автор: Bonil Xavier Bonilla / Еквадор.
Ј. Ѓ.