На прес конференцијата одржана денеска во македонското собрание, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник Александар Николоски остана без одговор на прашањето дали ќе ги прифати програмските определби на Левица.
Наместо да одговори на прашањето, Николоски даде осврт на македонската историја од времето на југословенската федерација, велејќи дека ВМРО-ДПМНЕ е прва партија која се залагала за членство во НАТО и ЕУ.
„Ако може да завршам, бидејќи не сме на интервју, ми поставувате прашање на прес конференција“ – остро ја прекина и ја „поучи“ Николоски новинарката која се обиде да му постави потпрашање.
„Ставот на ВМРО-ДПМНЕ по однос на членството во НАТО и во ЕУ е добро познат. Тоа дали ставовите ќе успееме да ги усогласиме или не, ќе видиме откако ќе падне оваа влада“ – рече Николоски, но не одговори директно на прашањето дали неговата партија ги прифаќа програмските определби на Левица.
Да потсетиме, програмските заложби на радикалната десничарска партија Левица, меѓу другото, предвидуваат поништување на Преспанскиот и Охридскиот договор, како и договорот за добрососедство со Бугарија. Понатаму, оваа партија се залага и за укинување на владата, забрана на употреба на името ВМРО и укинување на законите со кои се регулира употребата на јазиците во Северна Македонија.
Исто така, партијата на Апасиев кој се „прослави“ со вулгарности, пцости и говор на омразата во јавната комуникација, бара итно отчленување од НАТО, како и избегнување од стратешкиот интерес за членство во Европската Унија и склучување стратешко партнерство со Кина. Во меѓународните односи, Левица се залага и за отповикување на признавањето на Косово, Израел и Јужна Кореја.
Д. Е.