РИБАРО
– Со скафандериве шо ќе праиме. Со скафандериве шо ќе праам, аааааа…?!
Голема ѓурултија се случувало во партиската канцеларија на Левица. Димче Апасиев, како што јавуваат за АХА партиски извори, имал една од многуте епизоди со самиот себе.
– Како само сам се зајебо.
– Се слушаш ли некогаш што зборуваш бе?!, си се карал Димче со својот одраз во огледалото.
Велам: „Ако власта се дрзне да донесе заразени пратеници од карантин на пленарна седница, ќе попие кривична пријава за биолошки тероризам и некој ќе го крка фино-лепо…“
И, го кркав фино-лепо баш јас! Биолошки тероризам, еј, која епска будала сум. Кој ли курац ми требаше да се силам?
Како сега ќе се правам наудрен во четврток кога оној гревот Мицевски и таа госпоџата ќе се турат во скафандер да гласаме недоверба на владата на Заев?!
Како бе со кое лице?!
Ќе ми се смее народ, ќе ме умрат од заебаање и со право. Си го напикав до балчак.
Аха, ми текна, ќе речам – Според римското право скафандер во четврток се смета за народна носија. Ионака никој нема појма што е римско право и какви биле традициите на римјаните. Е, ова е добра фора, ќе упали!
– Шефе, не би да ве разочарувам, ама Дојранлиев веќе го пиша тоа, сигурно сте го прочитале. Ќе ве ругаат уште повеќе, му сугерирал на Димче едно партиско ботче задолжено за пропаганда на социјалните мрежи.
– Што ќе правам бе, што?!, се шамарал Димче.
– Јави му се на Крмов, нека ја контактира Москва, нека најдат чаре, инаку заебавме работа в четврток.
Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана.
FRONTLINE.MK