ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Пладневен преглед: Три години од бегството на Груевски, ако победи ВМРО-ДПМНЕ најверојатно ќе се врати, вели Диневски

November 9, 2021 12:00
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Со ултиматуми не се бара оставка, пишува Ерол Ризаов за Дојче веле, Груевски има јубилеј, три години во бегство. Во Обвинителството, истрагата за бегството на Груевски е сѐ уште отворена. Се чека тој да се врати во земјава – ако наскоро не се пресели во Истанбул, на пример – за лично да ја затвори, пишува Сашо Орданоски.  ИО и ЦО на СДСМ вечерва ќе расправаат за актуелностите.

Тешките задачи пред Зоран Заев. Во политиката, Заев покажа ретка способност да ја сослуша другата страна, да влезе во чевлите на противникот. Тој им прости и на оние што сакаа да го убијат на 27 април 2017 година. Од него сега се очекува да ги разбере и оние што не му ја прифаќаат оставката. Бројни македонски и европски политичари и лидери јавно го повикуваат да продолжи со својата работа. Треба да ги сослуша. На крајот на краиштата, не го бараат за да му сервираат лесен и вкусен оброк, туку тешки задачи, пишува Џабир Дерала.

Џабир Дерала (фото: Биљана Јордановска/ЦИВИЛ)

Три години од бегството на Груевски…Во Обвинителството, истрагата за бегството на Груевски е сѐ уште отворена. Се чека тој да се врати во земјава – ако наскоро не се пресели во Истанбул, на пример – за лично да ја затвори. Овдешните магариња – и-ааа, и-ааа, и-ааа, ова е мојата магарешка ономатопеа – се на пат да пцовисаат до таа зелена трева, пишува Сашо Орданоски.

Ризаов за ДВ – Со ултиматуми не се бара оставка. Дали ветената оставка на премиерот Заев станува беспредметна по поднесеното барање на опозицијата за изгласување (не)доверба на владата? Што ако тој ја повлече оставката и мнозинството изгласа доверба?- пишува Ерол Ризаов.

Хронологија на едно „скафандер“ лицемерие. Не помина многу време а Мицевски се најде во иста ситуација. Тој и неговата сопартијка и пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ Ангелинка Петкова се позитивни на ковид-19, а најавија дека ќе гласаат за (не)доверба на владата, со скафадери. Мицевски се повика на протоколот кој беше донесен од ЦЈЗ, а применет во Собранието.

Извршниот и Централниот одбор на СДСМ ќе расправаат за актуелните политички случувања. Најавената оставка на премиерот и лидер на Социјалдемократскиот сојуз Зоран Заев, анализа на изборните резултати и последните случувања на политичката сцена по поднесената иницијатива за доверба на Владата, се очекува да бидат теми на вечерашните состаноци на највисоките тела на владејачкиот СДСМ.

(ВИДЕО) Диневски: Ако победи ВМРО-ДПМНЕ Груевски ќе се врати, по цена и една ноќ да преспие во Шутка. Диневски пред три години бегството на Груевски го нарече „конзуларна операција“ и објасни што значи тоа.

ВМРО-ДПМНЕ е таа која се закануваше кон пратеници, дури и потписите за недоверба на Владата се собрани преку лаги и измами. Граѓаните не забораваат дека токму ВМРО-ДПМНЕ и нејзини високи функционери се закануваа кон пратеници кои гласаа за уставните измени и очигледно дека тоа ВМРО-ДПМНЕ сака да го направи и денес.

ДЗР: Сите медиуми кои учествувале во покривање на изборниот процес да поднесат Извештај за рекламниот простор до 13 ноември. Државниот завод за ревизија, за таа цел, информира дека на ден 13 ноември ќе обезбеди редовно работење на Архивата за прием на извештаите заклучно со 24:00 часот, а истовремено ќе овозможи и електронски прием на истите на службената адреса на ДЗРdzr@dzr.gov.mk.

МИА

Грчките медиуми за закажаната седница за гласање недоверба на Владата и последните случувања во Северна Македонија. Новинарите во Грција, акцентот го ставаат на ставовите на лидерот на ВМРО- ДПМНЕ за Договорот од Преспа, распоредот на силите во Собранието во пресрет на гласањето во четврток, но коментираат дека земјата може да падне во политичка криза.

Герасимовски: Започнува формирањето на ново општинско комунално претпријатие во рамки на ПОЦ. Со ваков пристап ќе бидеме сигурни дека ќе располагаме со доволно ресурси и прецизен план на работа за да ја одржуваме општината чиста. Анализата за структурата на новиот сектор ќе започне да се прави наредната недела, а по одлука на советот ќе се започне со нејзино спроведување“, изјави Герасимовски.

Нова менторска програма на ФИТР и PwC Северна Македонија за стартапи во рана фаза. Главната цел на менторската програма The Catalyst е зајакнување на капацитетите на стартапите на теми и области кои се значајни за секојдневното работење, здобивање со нови знаења и вештини, како и олеснување на пристапот пред потенцијални инвеститори.

И. Т. З. 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Форум: Неопходни се одржливи земјоделски иновации за справување со климатските промени

НАЈНОВО

Шукова: Понудата на Ѓорѓиевски беше недобронамерна и омаловажувачка, а извинувањето неискрено и задоцнето

October 14, 2025
Скриншот

Виолината на Ајнштајн продадена за над 1 милион фунти на аукција во Велика Британија

October 14, 2025

Натали Портман од фестивалот во Лион: Лудо е да се зборува за нешто друго освен за славење на мирот

October 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Алиу: Се разгледува можноста за воведување токсиколошки тестови за здравствените работници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гарабаја за мечот Пелистер – Барселона: Барса е една од најдобрите три екипи во светот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП СО АНАИС – 14 ОКТОМВРИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почина Панчо од ДНК

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новите нуклеарни закани од Москва со радост се шират во дел од македонските медиуми

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk