ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Герасимовски: Започнува формирањето на ново општинско комунално претпријатие во рамки на ПОЦ

November 9, 2021 09:43
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Горан Герасимовски градоначалникот на општина Центар оствари работен состанок со Васко Кичевски, директорот на ЈП Паркинзи на општина Центар околу новата дополнителна дејност која треба да ја добие претпријатието.

Имено, Герасимовски во текот на изборната кампања неколкупати повтори дека ЈП ПОЦ настрана од дејноста за организирање, управување, уредување и одржување на јавните паркиралишта ќе добие дополнителна комунална дејност за одржувањето на јавната хигиена на целата територија на Општина Центар.

„На денешниот состанок разговаравме за првичните постапки кои треба да се направат во ЈП ПОЦ за да се одвои и зајакне секторот јавна хигиена во посебен нов сектор. Првично треба да се дефинира новата структура на претпријатието и постапките за префрлање на хигиеничарите кои се вработени и механизацијата во ПОЦ. Потоа ќе се направи структура за потребните одделенија, број на координатори, поделба на општината на реони и проценка на потребните капацитети. Со ваков пристап ќе бидеме сигурни дека ќе располагаме со доволно ресурси и прецизен план на работа за да ја одржуваме општината чиста. Анализата за структурата на новиот сектор ќе започне да се прави наредната недела, а по одлука на советот ќе се започне со нејзино спроведување“, изјави Герасимовски.

Во меѓувреме се зајакнуваат и механизациските капацитети на претпријатието со нова цистерна за чистење на улиците која треба да пристигне најдоцна до февруари наредната година. Претпријатието треба да добие и три метларки и дополнителна една помала за чистење на пешачките зони.

Предизборното ветување на Герасимовски, ПОЦ да стане и комунално претпријатие започна со реализирање и со ова се решава еден од трите клучни проблеми во општината, а тоа е решавање на проблемот со уличната хигиена. Со проширување на дејноста на ПОЦ во комунално претпријатие, општината ќе обезбеди чисти улици и паркови секаде и во секое време. За јавната хигиена Герасимовски во кампањата исто така најави и „маалски патроли“ кои ќе бидат задолжени за грижа и заштита од уништување на јавното добро и урбаната опрема.

Next Post

Хронологија на едно „скафандер“ лицемерие

Најново

СДСМ тврди дека Мицкоски бега од истраги и ќе спроведе предвремени избори, премиерот најавува редовни во 2028 година

May 6, 2026
Фото: Влада РСМ

Мицкоски: Кај многумина има страв од избори, но тие ќе бидат редовни во 2028 година

May 6, 2026
Фото: Град Скопје

Ѓорѓиевски: Завршија експропријациите, мостот „Генерал Михајло Апостолски“ за 60 дена се става во целосна функција

May 6, 2026

Димитријевиќ: Мицкоски брза на избори од страв од истрагите по падот на Орбан

May 6, 2026
Фото: Министерство за култура

Љутков од Брисел: Македонската култура силно одекна во срцето на Европа

May 6, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk