Трендовите доаѓаат и си одат. Покрај класиците кои се носат од сезона во сезона, има, имено, парчиња кои, ако им верувате на експертите, имаат свој рок на траење. Модните стилисти издвоија четири есенски трендови кои треба да се остават во минатото и да се заменат со некои нови парчиња.
Излитени маици и тренерки
Пандемската мода се фокусираше на се што е поврзано со спортот, а стилистите велат дека сега светот на модата повторно се движи кон покомплексен и подефиниран изглед. Ако ги прашате нив, тренерките треба да се заменат со кашмир и фини џемпери. Парчињата во кои живеевме изминатата година ипол треба да се пратат во пензија и да се вратат во „нормална“ облека, сметаат стилистите. Обично наесен гардеробата ни станува потемна, но оваа година, сметаат стилистите, треба да носиме бои. Светлите бои кои го одбележаа летото не треба целосно да се напуштат.
Сетови
Во годините зад нас многу се носеа плетените комплети кои често ги заменуваа тренерките. Но, како тренерки и тие треба да се остават зад себе, велат стилистите за порталот „WhoWhatWear“. Наместо тоа, изберете плетени елеци, кои се совршено парче за слоевити, забавни комбинации.
Обични хеланки
Стилистите препорачуваат оваа есен да не им давате на хеланки толку простор во гардеробата како што беше случај минатата сезона. Иако се удобни и лесни за комбинирање, има, велат, и други парчиња кои се подеднакво опуштени и изгледаат одлично. Стилистите, на пример, препорачуваат едноделни парчиња за смелите и бестрашните.
Фустани со деколте
Стилистите мислат дека е време да се одложат фустаните со различни деколтеа. Меѓу другото, температурите се намалуваат, па може да ви биде многу ладно во нив, дури и со јакна нагоре. Наместо тоа, изберете макси фустани. Тие се и голем летен тренд кој им ласка на сите облици на тело, но советот на стилистот е да додадете предимензионален џемпер и чизми на омилениот макси фустан и ќе добиете совршена и удобна комбинација.