“После подолг период господинот Христијан Мицкоски пред нецел час кажа една голема вистина, тоа е дека ова постоечко парламентарно мнозинство ќе расте.
Се она што денеска се случува во Собранието е резултат на лагите на докажаниот губитник Христијан Мицкоски.Токму Мицкоски ја излажа јавноста дека има 61 глас за ново мнозинство во Собранието и гласање недоверба на Владата.
За овој негов неуспех, Мицкоски да не бара алиби и да не ја префрла одговорноста кај било кој.
Само тој си е виновен и може на себе да си се лути, да му се гади и слично.
Само за власт и за ништо друго, тој седна на иста маса со анти НАТО и анти ЕУ структури, партии кои се против концептот Едно општество за сите. Кај нив нема приниципи, нема политики, нема никаква понуда за граѓаните, за државата.”- истакна Јован Митрески на прес конференцијата на СДСМ по повод актуелните случувања во сообранието.







