Очекуваме сите прогресивни сили во нашата држава, кои го препознаваат она што во изминатиот период се случуваше во државата и сите позитивни исчекори што беа направени, ќе го верификуваат и ќе го дадат својот глас, рече пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска во емисијата „24 анализа“ на телевизија 24.
Таа додаде дека вечерашната средба на претседателот на СДСМ Зоран Заев со коалициските партнери беше во насока на информирање за она што се случуваше на ЦО и на ИО на СДСМ, како и во рамките она што ќе се случува утре во собранието.
Во случај ако собранието утре изгласа недоверба, Петровска рече дека тогаш почнува чекорот број два, а тоа е обид да се формира нова влада, за што ВМРО-ДПМНЕ нема одговор.
„Доколку се изгласа недоверба на владата на СДСМ, течат рокови за нова политичка Влада, која повторно ќе биде предводена од страна на СДСМ“, порача Петровска, додавајќи дека во рамките на тие преговори отворени се за сите политички партии кои се согласуваат со ставовите и принципите на СДСМ и сегашните коалициони партнери.
Таа додаде дека не верува дека ВМРО-ДПМНЕ има постигнато договор во кој правец да оди државата и дека се сплотени околу тоа.
Извор: Локално.мк







