Двајца пратеници на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, координаторот на пратеничката група Никола Мицевски и Ангелина Петкова претпладнево во скафандери пристигнаа на собраниската седница на која треба да се гласа за доверба на владата, објави Дојче Веле.
Во април годинава пратеничката на СДСМ, Бисера Костадиновска-Стојчевска дојде во Собранието со скафандер и со амбулантно возило за да обезбеди кворум за седница. Опозицијата тогаш обвинуваше за биолошки тероризам.






