РИБАРО
Вчера, Апасиев, Мицкоски, Таравари, Села и Касами имаа страсна политичко-партнерска ноќ, а потсетникот за тоа освен во слатките сеќавања на поминатите мигови заедно, бил врежан и на вратот на Мицко, јавуваат изворите на АХА.
„Вратот е многу чувствително место за шмукање со усните, па така црвените дамки, кои се последица на љубовни гризови, предизвикани се од пукање на капилари под кожата. Иако не е опасно знае да биде непријатно, па затоа се решивме за хируршка интервенција“, велат за АХА од клиниката за пластична хирургија.
Оттаму потсетуваат дека за настанување на дамките потребни се само 30 секунди интензивно цицање, но очигледно страста помеѓу партнерите била со поголем интензитет, па Мицко морал на клиника
Откако Димче, Арбен, Зијадин и Биљал ги виделе фотографиите со кои Мицко се пофали за интервенцијата на Фејсбук, биле избезумени.
– Добо бе Мицко, да му ебам мајката, мораше ли цел свет да нè разбере?
– Па кога ви реков осетлив ми е вратот, помалку…
Изворите на АХА известуваат дека Мицко имал непријатен разговор со сите партнери кои вчера го извлекоа подебелиот крај. Тие нагласуваат дека Таравари видно разочаран и изневерен од незнаењето Мицко да прецизира кој точно е автор на шливката, се заканил дека ќе ја растури понатамошната страсна врска, а со слични поплаки се заканиле и другите партнери.
Сепак утрово, откако колку-толку го пребродиле дебаклот од вчера, сите здружно решиле да го посетат во клиниката и да му посакаат побрзо опоравување.
Само со лесно нека е Мицко, друже.
Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана.
FRONTLINE.MK