ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Мицкоски преку сојузот со Апасиев покажа дека се коцка со европската иднина и меѓуетничкиот мир

November 14, 2021 12:21
in ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски е главниот виновник за земјава да се најде во политичка криза, лажно тврдејќи дека обезбедил мнозинство, односно 61 пратеник кои ќе гласаат за недоверба на Владата предводена од СДСМ и коалиционите партнери.

Уцените пропаднаа, Мицкоски немаше кворум, а Заев на пат да обезбеди уште поголемо парламентарно мнозинство

Го уценуваше со рокови за оставката премиерот Заев, но во четвртокот се покажа дека Мицкоски немал сигурни 61 пратеник за да падне владата. Овој неуспех потврди дека Мицкоски никогаш немал обезбедено мнозинство и сите негови, претходни најави дека има пратеници, а сигурно најави десетина пати, го наметнаа дискурсот во јавноста дека Мицкоски само предизвикал политичка криза од која имаше замислено да излезе како победник.

Но, планот не му успеа, а воедно му создаде можност на Заев да обезбеди 64 до 65 пратеници.

Во прегратка со Апасиев со целосно антиевропски, анти-НАТО и антиалбански ставови 

За време на седницата, многу пратеници се откажаа од иницијативата бидејќи во обидот за преземање на власта, Мицкоски во својата екипа го вклучи и шефот на Левица, Димитар Апасиев. Овој политичар стана познат по своите целосно антиевропски, анти-НАТО и антиалбански ставови. Тоа предизвика револт кај одредени пратеници и токму затоа ги повлекоа прво своите потписи, а потоа некои целосно се откажаа.

Иако претходно ВМРО ДПМНЕ манипулираше јавно дека Апасиев одработува за Заев, а во тоа и поверуваа некои, сега им паднаа маските. Граѓаните посведочија кој е вистинскиот непријател на европските аспирации и кој сака одново да се вратиме кон етничките тензии.

Преовлада разумот

Коалицијата со Апасиев покажа дека ВМРО-ДПМНЕ нема план, ниту стратегија во која насока сака да се движи Северна Македонија, туку тргна прво да ја освојува власта, а потоа да се одредуваат приоритетите. Мицкоски со овој сојуз јавно покажа дека би се коцкал со европската иднина на државата и со односите со Албанците само да задоволи свои лични апетити.

За среќа, преовлада разумот и сфаќањето на европската државна политика.

Стравот и немоќта на Беса

Движењето БЕСА вчера одржа состанок на Централното претседателство.

Во соопштението испратено до медиумите партијата на Билал Касами изразува загриженост дека власта врши притисок врз пратениците на Беса.

Но, дали  ова предупредување е само демонстрирање страв и немоќ дека после Кастриот Реџепи, друг пратеник ќе ја напушти Беса, но и по неуспехот на партијата во авантурата за  рушење на владата.  Сега Касами е соочен со опасноста да остане само со еден пратеник, иако на изборите лани освои четири. Ова несомнено ја рангира Беса во најголем губитник во оваа владино- опозициска битка за мнозинство во парламентот.

Можно зголемување на парламентарното мнозинство

Сега СДСМ, ДУИ и партнерите имаат 59 пратеници. Иако сѐ уште не потврдил, најверојатно Кастриот Реџепи, кој не гласаше за рушење на Владата, ќе се приклучи како 60-ти.

Пратеничката од СДСМ, Славјанка Петровска, рече дека ги делат заедничките вредности, па верува дека Реџепи лесно ќе се најде на платформата на мнозинството во Собранието.

Инаку, се поизвесно е  дека Алтернатива со своите четири пратеници може да стане дел од Владата. Доколку се реализираат овие пресметки, мнозинството би достигнало до 64 пратеници, а доколку се остварат гласините Беса да ја напушти уште некој, се стигнува до 65. Тогаш може и да функционира парламентот со кворум на владејачкото мнозинство.

Сега Мицкоски ќе се фокусира на барањето предвремени избори, но со новиот распоред на силите во парламентот, тоа ќе му оди многу тешко.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото, Илустрација, генерирано со ВИ

Лав избеган од зоолошка во Турција, нападна човек

July 6, 2025
Фото: МИА

Полска од полноќ воведува контроли на границата со Германија

July 6, 2025

ЦУК: Шест активни пожари на отворено до 18 часот

July 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Концерт, Томсон, Загреб. Фото: Скриншот Јутјуб

    СДП Хрватска за концертот на Томпсон: Бевме сведоци на голем светски срам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Мицкоски е виновен за отворање на дебатата за македонскиот јазик во ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот е куељовски јунак кој седи на ритчето и во долината го посматра сопственото умирање!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како светот се справува со демографската криза и наталитетот, а што предлага Мицкоски во Македонија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Според СДСМ „Орце Ѓорѓиевски ја уништи Кисела Вода, така ќе биде и со Скопје“, Мицкоски вели Орце води на анкетите со петпати поголема разлика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk