РИБАРО
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, откако не успеа да формира ново парламентарно мнозинство и да ја урне владата, изнајде нов начин да се наметни како грандиозна локална политичка фигура од севселенски размери – се самопрогласи за почесен градоначалник на сите градови во Македонија.
Мицко последните денови зеде испрошета во сите вмровски општини, сечи црвени ленти, мавта со лопати, отвори од ушни каналчиња до коонзерви, ма сè што овие угурсузиве од СДСМ претходно направиле, а не успеале да презентираат. Па се фотка, па камери, па пи-ари фрчат, Милие и Грујо во едно е Мицо.
Екипата на АХА дознава дека за одлуката да е почесен градоначалник имало несогласувања од градоначалниците од ДПМНЕ. Му велеле, да почека да не се бламира, дека тоа биле проекти во тек и за две недели откако се тие на власт не може ништо да се направи.
– Шефе ќе ни се смеат, срамота е, му велеле блиските соработници. Ова во Охрид последново, баш апла не го биваше. А може и ДКСК да не гони за злоупотреба и партизација на општините.
Мицко: Ха, ДКСК, не ме смеј те молам. Па токму за да не ми се смеат им наредив на сите наши градоначалници да ме прогласат за почесен градоначалник и како таков да настапувам.
– Нема таква почесна титула, шефе, ќе го јадеме и за тоа.
Мицко: Сам ќе се прогласам тогаш, кој ќе ме сопре?! Дај бе не замарај со детали, не ми расипувај филинг, имам септичка јама за отворање во Свирипичино.
Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана.
FRONTLINE.MK