ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Бочварски: Одговорност ќе има, истрагата е во тек

November 24, 2021 20:43
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ПРАВДА, ТРАГЕДИИ
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски вели дека одговорност за автобуската несреќа мора да има и ќе има, каде и да е направен пропустот.

Истрагата, нагласува Бочварски, е во тек, а од Царинската управа се очекува да информира за сите детали – што прикажало возилото на граничниот премин, какви документи приложил превозникот при излез од државата и се останато што ќе биде потребно за целата постапка.

Министерот Бочварски во изјава за телевизија Телма потсети дека вчера Владата на седница донесе два заклучока од кои едниот е Државниот инспекторат за транспорт веднаш да направи контрола во „Беса транс“.

– Истрагата е во тек, Царинската управа има свои ингеренции и надлежности. Веројатно ќе се направи внатрешна контрола, ќе се провери дали, каде и каков пропуст имало. Не би сакал да прејудицирам, посебно не за друга институција – како постапувала, дали постапувала по закон, дали постапувала по закон, каде е пропустот и дали имало пропуст. Кога ќе излезат со нивните сознанија за овие прашања, има надлежен раководител и ќе ги кажат сите детали за постапувањето по овој предмет. Очекувам Царинската управа да излезе со конкретни информации за возилото. Моите очекувања се дека во текот на денот Управата треба да излезе со целата документација околу ова прашање, рече Бочварски.

Тој, како што истакна, не бега од одговорност, но надлежностите мора да се разграничат.

– Ја информирав јавноста за целата состојба што ние ја знаеме. Сега останува да се преземат чекори и мерки од страна на институциите кои треба да ги преземат тие чекори. Јас апсолутно не бегам од одговорност зашто вчера ги кажав сите законски можности и кажав кои се надлежнсотите на Министерството, која е нашата работа во однос на овој случај. Државниот инспекторат за транспорт треба да биде контрола на терен и на она што го работат министерствата. Ние ја вршиме админситративната работа, ги издаваме лиценцигте, а дали компаниите работат според закон – контролираат инспекциите. Царинската управа, пак, е надлежна за границите. Таму треба да се бараат одговорите. Сите очекуваме, но тоа треба да биде темелно истражено и да се постапува, без притоа некој да биде изземен од одговорност, подвлече Бочварски. 

извор: МИА

Next Post
Село Боснек (23 ноември 2021) При тежък пътен инцидент с автобус загинаха 46 човека. Произшествието е станало на магистрала "Струма" малко след 2.00 ч. тази нощ, близо до село Боснек. Жертвите са чужди граждани, а автобусът е пътувал в посока към Република Северна Македония. Седем души са спасени и са откарани в "Пирогов".  Пресфото - БТА снимка: Минко Чернев (ЕД)

„Беса транс“ демантира дека автобусот шверцувал нафта или пиротехника

Shortcut

Најново

Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Триесет часа руски напад врз цивилите во Украина: Расте бројот на жртвите, најмалку 37 загинати

August 29, 2026

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

August 29, 2026
Скопје, центар, 27 август 2026 (фото: Фронтлајн)

Фотографски записи од центарот на Скопје

August 29, 2026

Втората сезона на Eyes on Democracy почна со разговор за иднината на Украина и Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

August 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk