ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

ЦО на СДСМ расправа за влегувањето на Алтернатива во Владата и за оставката на Заев

November 26, 2021 22:03
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
ЦО на СДСМ. Фото: МИА

ЦО на СДСМ. Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Централниот одбор на СДСМ со двочасовно задоцнување, ја почна седницата на која, според најавите, треба да се дискутира за актуелната политичка состојба и окрупнување на парламентарното мнозинство, и да биде разгледана оставката на претседателот на партијата Зоран Заев.

Членот на Извршниот и на Централниот одбор на партијата Мухамед Зеќири, пред седницата изјави дека се очекува Заев да ги информира до каде се разговорите со потенцијалните нови коалициски партнери и да се отвори дебата во однос на неговата оставка.

Заменик претседателката на СДСМ Сања Лукаревска изјави дека имаат повеќе теми за дискусија – следните чекори на партијата, околу парламентарното мнозинство, актуелната политичка состојба.

– Тоа ќе го дискутираме на Извршниот и на Централниот одбор бидејќи самите овие две седници се токму по негово барање, рече Лукаревска околу оставката на Заев.

Членот на Извршниот и на Централниот одбор Петре Шилегов, пак, изјави дека треба да разгледаат неколку сериозни позиции кои се однесуваат на формирањето на политичкото мнозинство, влезот на Алтернатива во Владата. Според него, тоа е извесно да се случи и како што кажа, очекува тоа да биде примарно на дебатата и формирањето на Владата.

– Многу состојби ќе дискутираме, ковид, енергетската и политичката состојба во државата потоа ќе донесеме соодветни одлуки. Не знам дали ќе се расправа за оставката на лидерот Зоран Заев. Ова е редовна седница која беше закажана во вторникот меѓутоа се одложи поради немилите настани во Бугарија, изјави Шилегов.

Во меѓувреме, Централното претседателство на Алтернатива донесе одлука да влезе во преговори за приклучување на владината коалиција. Лидерот на Алтернатива Африм Гаши, како што информира партискиот портпарол Орхан Муртезани, доби овластување да комуницира со сите политички актери, со премиерот и со евентуалниот нов мандатар за да се види каков е нивниот концепт за излез од политичката криза.

„По многу дискусии на Централното претседателство одлучивме дека треба да им дадеме шанса на стабилноста и континуитетот за да може земјата да се надева на датум за почеток на преговори со ЕУ. Претседателеството го овласти претседателот да комуницира со сите политички актери, во случајов со актуелниот премиер, но и со евентуално новиот мандатар за да се види каков е нивниот концепт за излез од оваа криза. Ќе видиме дали има воља за заедничка програма и дали има воља владините партнери да се откажат од дел од својата моќ за да се создаде рамнотежа во власта. Отсега сепак зависи што ќе се разговара и што ќе се договори, а конечната одлука ќе ја донесе Централното собрание на Алтернатива, кое ќе се свика кога ќе имаме нешто повеќе од само подготвеноста за преговори.

Членовите на Централното претседателство треба да му дадат насока на Централното собрание, највисокиот орган на партијата, кое треба да донесе финална одлука.“, истакна на прес-конференција после седницата, портпаролот на Алтернатива, Орхан Муртезани.

Седниците на ЦО на СДСМ и на Централното претседателство во Алтернатива требаше да се одржат во вторникот, но беа одложени поради тридневната жалост по автобуската несреќа во Бугарија.

Next Post

(ВИДЕО) „Кратки нозе“ #18: Вакцинација – дезинформации од протестите во Скопје и Виена, обвинет грчки адвокат

Shortcut

Најново

Фрагмент од насловницата на албумот „Без никого да удриш“ (фото извор: ФБ сттаница на „Алмебик“)

Концерт, винил и документарец: Голема вечер со „Алембик“ во МКЦ

June 10, 2026

СДСМ: Оставката на Груевска-Маџоска е доказ за распадот на културната политика на Љутков

June 10, 2026
Анаис хороскоп, Македонија,, Скопје - стара чаршија Скендер Бег

Дневен хороскоп со Анаис за 10 јуни 2026: Финансиска консолидација и цврсти деловни темели

June 10, 2026

НАСА го објави екипажот за историската мисија „Артемис 3“ во 2027 година

June 9, 2026

Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

June 9, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што добива Македонија од новиот француско-германски нон-пејпер?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Антропик“ предупредува: Вештачката интелигенција наскоро ќе може самата да се усовршува без човечка интервенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 6 и 7 јуни 2026: Интуитивно приземјување и емоционална катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk