ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ТРАГЕДИИ И КАТАСТРОФИ

Пронајдено е 45-то тело во опожарениот автобус на „Беса транс“

November 26, 2021 13:15
in ДЕНЕС, ТРАГЕДИИ И КАТАСТРОФИ
Село Боснек (23 ноември 2021) При тежък пътен инцидент с автобус загинаха 46 човека. Произшествието е станало на магистрала "Струма" малко след 2.00 ч. тази нощ, близо до село Боснек. Жертвите са чужди граждани, а автобусът е пътувал в посока към Република Северна Македония. Седем души са спасени и са откарани в "Пирогов".
Пресфото - БТА снимка: Минко Чернев (ЕД)

Село Боснек (23 ноември 2021) При тежък пътен инцидент с автобус загинаха 46 човека. Произшествието е станало на магистрала "Струма" малко след 2.00 ч. тази нощ, близо до село Боснек. Жертвите са чужди граждани, а автобусът е пътувал в посока към Република Северна Македония. Седем души са спасени и са откарани в "Пирогов". Пресфото - БТА снимка: Минко Чернев (ЕД)

Share on FacebookShare on Twitter

При дополнителен увид што денеска го извршија истражители од бугарската Национална истражна служба во опожарениот автобус на „Беса транс“ на автопатот „Струма“ е пронајдено уште едно тело, потврди за дописникот на МИА од Софија портпаролот на главниот обвинител на Бугарија, Сијка Милева.

Со ова, бројката на пронајдени тела во автобусот се искачи на 45.

Милева вчера на прес-конференција изјави дека на местото на несреќата се пронајдени 44 тела, додавајќи дека еден од преживеаните патници и раскажал како го скршил стаклото на автобусот и рекол дека спасил осум, а не седум лица.

– Ние пронајдовме 44 тела, а тој категорично изјави дека се спасени осум лица. Јас му реков вие сте седум во болницата. И тој категорично ми рече не, ние се спасивме осум лица. Во текот на истрагата, беа пронајдени 44 тела. Според податоците со кои располагаме, патувале 52 лица, ние пронајдовме 44 тела, а се хоспитализирани седум лица – четворица мажи и три жени. Останува големата загатка, каде е осмото лице. Работиме на таа верзија, не сакаме да шириме дезинформации, може да се работи и за лошо сеќавање на сведокот, истакна вчера Милева.

Од софиската Брза помош се децидни дека од местото на несреќата во софиската болница „Пирогов“ биле пренесени седуммина повредени патници.

Инаку, во Скопје денеска пристигна тим од обвинители и истражители од бугарската Национална истражна служба, кои до властите на земјава официјално ќе  достават барање за правна помош. Според најавите од Софија, нивни домаќин ќе биде државниот јавен обвинител Љубомир Јовески.

Се очекува на бугарските истражители да им бидат предадени собраните ДНК материјали од роднини на жртвите во автобуската несреќа и тие утре да се вратат во Бугарија, по што ќе започне споредувањето и идентификацијата со пронајдените 44 тела на загинатите македонски државјани во автобусот. По завршувањето на оваа постапка ќе следува пренесување на телата во земјава и предавање на нивните роднини.

извор: МИА

Next Post

Неколку сантиметри снег на Попова Шапка, за скијачката сезона подготвени сите седум ски-лифтови и жичарници

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk