Новот сој откриен во Јужна Африка, кој СЗО го класифицираше како загрижувачки, ќе биде една од темите на Комисијата за заразни болести во понеделник.
„Прво, пресметките се дека има многу поголем степен на преносливост од делта варијантата. Сметавме дека долго време после делтата нема да се појави таква варијанта која ќе биде со такво ниво на преносливост, но оваа варијанта покажува и дека преносливоста може да биде повисока. Иницијалните пресметки коишто ги направи Институтот за молекуларна биотехнологија во Виена, укажуваат на тоа дека може да биде 500 пати попренослив од делта варијантата. Делта сојот беше 60 пати полесно пренослив од алфа варијантата, омикрон е 500 пати попренослив од делтата. Тоа се иницијално застрашувачки бројки што се најавуваат од Виенскиот институт“, вели д-р Злате Мехмедовиќ за Канал 5.