ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Градоначалникот на Берово очекува поддршка за именување на улица „Жан Кофол” во чест на загинатиот пожарникар

November 29, 2021 12:11
in ZOOM IN, ДЕНЕС, МОЗАИК, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски, очекува поддршка од советниците за иницијативата за преименување на улица во Берово во чест на прерано загинатиот словенечки пожарникар Жан Кофол, кој беше меѓу најмладите доброволци кои пристигнаа од Словенија и со денови учествуваше во гасењето на огнената стихија во околината на Берово и Пехчево.

– Иницијативата, која ја поднесов за преименување на улица „20” во населбата Ширината, во улица „Жан Кофол”, утре, ќе се најде на разгледување пред Советниците, на третата Седницата на Совет на Општина Берово, наведува во својата објава на Фејсбук градоначалникот Пекевски.

„Очекувам поддршка од советниците, а понатаму постапката за промена, ќе се врши согласно Законот за определување на имиња на улици, плоштади, мостови и на други инфраструктурни објекти.

Иницијативата ја поднесов за постхумно одликување, по името на овој хуман херој, кој загина во сообраќајна несреќа, а кој даде свој придонес во гаснењето на пожарите кои беснееја во Малешевијата.

Сметам дека именувањето на улицата, ќе значи за семејството на прерано загинатиот пожарникар, а од друга страна, ние како општина постхумно ќе искажеме признание и благодарност за поддршката која што ја даде Кофол за Берово и Малешевијата.

Почит треба да биде искажана на оние кои ја заслужиле!

Се надевам дека Советниците едногласно ќе ја прифатат оваа моја иницијатива и името и делото на овој млад пожарникар, никогаш нема да се заборави.

Жан Кофол го загуби животот во сообраќајна несреќа во близината на Нова Горица, на 28 септември, еден ден пред неговиот 20-ти роденден.

Кофол беше меѓу најмладите доброволци кои пристигнаа од Словенија и со денови учествуваше во гасењето на огнената стихија во околината на Берово и Пехчево.“, истакнува градоначалникот Пекевски.

Ј. Ѓ.

 

Next Post
The Irish Sun

СЗО: Сојот Омикрон е „многу висок“ глобален ризик

Shortcut

Најново

Жерновски: Муцунски е фатен во лага, власта се заканува кога нема резултати

August 14, 2026
Tap water, photos by Vecteezy

Гостивар: Водата се прочистува, но довербата останува загадена

August 14, 2026

Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

August 14, 2026
Фото: МИА

Гаши: Охридскиот рамковен договор останува столб на мирот, еднаквоста и соживотот

August 13, 2026

Андовски вели нема место за паника по прогласувањето на епидемија од западнонилска треска во неколку скопски општини

August 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk