Блокирани сите патишта кои водат до Македонскиот народен театар поради пријава за поставен екплозив. Полицијата се наоѓа на лице место, засега нема информации дали пријавата е лажна.
Неколку објекти меѓу кои и зградата во која се сместени МИА, СЕП, ДКСК, Финансовата полиција, Инспекторатот за животна средина, вечерва биле евакуирани. На вработените им е кажано веднаш да излезат од објектите.
Испразнети се и зградите на А1, на МНР и соседните објекти во центарот на Скопје. Полицијата не дозволува движење на луѓе и возила кон Мавровка, МНТ и МРТ, а блокирани се и околните улици и крстосници. Забалежливо е зголемено присуство на полицијата и полициски возила.
Последна информација за која информира ТВ21 е дека полицијата го блокираше и патот кој води кон Владата, односно од Мавровка кон мостот „Гоце Делчев“. Не е познато за што станува збор.