ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home TECH FRONT

(ВИДЕО) Научниците кои ги создадоа ПРВИТЕ ЖИВИ РОБОТИ: „Сега можат да се репродуцираат“

November 30, 2021 20:35
in TECH FRONT, ZOOM IN, ДЕНЕС, СВЕТ
Фото: DOUGLAS BLACKISTON & SAM KRIEGMAN / SCREENSHOT

Фото: DOUGLAS BLACKISTON & SAM KRIEGMAN / SCREENSHOT

Share on FacebookShare on Twitter

Американските научници кои ги создадоа првите живи роботи велат дека формите на живот, познати како ксеноботи, сега можат да се репродуцираат на начин што не е виден кај растенијата и животните, пишува CNN, пренесува Блиц.

Формирани од матичните клетки на африканската канџeста жаба (Xenopus laevis), по која се именувани, ксеноботите се широки помалку од еден милиметар. Ситните грутки првпат биле откриени во 2020 година, откако експериментите покажале дека можат да се движат, да соработуваат во групи и да се лекуваат.

Сега, научниците кои ги развиле на Универзитетот во Вермонт, Тафтс и Институтот Вајс на Харвард, рекоа дека откриле сосема нова форма на биолошка репродукција различна од кое било животно или растение познато на науката.

„Бев воодушевен“, вели Мајкл Левин, професор по биологија и директор на Центарот за откривање Ален на Универзитетот Тафтс, кој е коавтор на новото истражување.

-Жабите имаат начин на размножување кој обично го користат, но кога ќе ги ослободите (клетките) од останатиот дел од ембрионот и ќе им дадете шанса да разберат како да се најдат во нова средина, не само што разбираат и нов начин на движење, но очигледно нов начин на репродукција, истакна тој.

Робот или организам?

Матичните клетки се неспецијализирани клетки кои имаат способност да се развијат во различни типови на клетки. За да направат ксеноботи, истражувачите зеле живи матични клетки од ембрион на африканска жаба и ги оставиле да се инкубираат. Немало манипулација со гени.

„Повеќето луѓе мислат дека роботите се направени од метал и керамика, но не е толку важно од што е направен роботот туку што прави тој, а тоа е да дејствува независно во име на луѓето“, вели Џош Бонгард, професор и експерт за роботика. на Универзитетот во Вермонт и главен автор на студијата.

– На тој начин се работи за робот, но јасно е и дека организмот е направен од генетски немодифицирана клетка од жаба – додаде тој.

Научниците открија дека ксеноботите, кои првично биле во сферична форма и направени од околу 3.000 клетки, можат да се реплицираат. Но, тоа се случува ретко и само во конкретни околности.

Миткоска Марија

Next Post

Финансиска награда за матичните лекари ако имаат над 70 отсто вакцинирани пациенти

Најново

Фото: ФБ страница на Џорџа Мелони

Лажна фотографија од Мелони во долна облека се шири на интернет, премиерката со реакција – ме разубавиле

May 6, 2026

СДСМ тврди дека Мицкоски бега од истраги и ќе спроведе предвремени избори, премиерот најавува редовни во 2028 година

May 6, 2026
Фото: Влада РСМ

Мицкоски: Кај многумина има страв од избори, но тие ќе бидат редовни во 2028 година

May 6, 2026
Фото: Град Скопје

Ѓорѓиевски: Завршија експропријациите, мостот „Генерал Михајло Апостолски“ за 60 дена се става во целосна функција

May 6, 2026

Димитријевиќ: Мицкоски брза на избори од страв од истрагите по падот на Орбан

May 6, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk