ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Кардула: Мотивот на Своч часовникот е ликот на Дениција, како инспирација од македонската поезија

December 1, 2021 14:01
in ZOOM IN, ДЕНЕС, КУЛТУРА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Уметникот и графички дизајнер Зоран Кардула, на покана од Божиновски часовници и накит, го изработи првиот локализиран дизајн на Своч (Swatch) часовникот на кирилица – Дениција.

Кардула во изјава за Фронтлајн вели дека мотивот е во негов препознатлив стил односно лик на жена (овој пат тоа е Дениција), како инспирација од македонската поезија.

„На мое задоволство проектот кој го започна Божиновски со Своч доби своја завршница и чест целиот овој проект да започне со мој дизајн. За некој ден и официјално ќе биде промоцијата на часовникот кој излегува по повод 30 години од самостојноста на нашата држава и ќе бидат понудени на аукција 30 часовници. Мотивот е во мој препознатлив стил односно лик на жена. Овој пат тоа е Дениција како инспирација од македонската поезија. Ликот е впечатлив, силна, борбена жена облечено во црвено во позадина има мотиви во златен колорит, бои кои дискретно потсетуваат на нашите национални. Се надевам дека проектот Своч на кирилица ќе продолжи и понатаму и дека други наши уметници ќе имаат можност да учествуваат на истиот.“, изјави Кардул за Фронтлајн.

Дизајн: Зоран Кардула

Игор Божиновски во интервју за Иновативност истакнува дека идејата произлегла уште на крајот од минатата година спојувајќи ги преку еден креативен процес тимот на „Божиновски часовници и накит“ и новите технолошки можности на Swatch и  јубилејната 2021-ва година во која славиме 30 години од независноста на Македонија. Тој нагласува дека трисете часовници ќе имаат колекционерска вредност, што на часовникот, покрај јубилејната вредност и историскиот момент му додава и исклучителна реткост.

„Успееме да излеземе со јубилејниот часовник кој го нарековме –Дениција, и решивме да го издадеме во ограничен број од само 30 нумерирани парчиња кои имаат колекционерска вредност, што на часовникот, покрај јубилејната вредност и историскиот момент му додаваме и исклучителна реткост.“, вели Божиновски во интервјуто за Иновативност.

Од „Божиновски часовници и накит“ потенцираат дека собраните средства ќе бидат донирани онаму каде што е најпотребно, по избор на авторот кој покрај како дизајнер е познат и по својата хуманост.

Ј. Ѓорѓиоски

 

Next Post

Без струја утре делови од Карпош, Кисела Вода и Сарај

НАЈНОВО

ТВ Телма за објавата на Апасиев: Имаме професионален и еднаков однос кон сите кандидати

October 30, 2025

Мицкоски: Нашата држава повторно станува силна, стабилна и горда

October 30, 2025

СДСМ: Нема никаква поддршка за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Сотир Лукровски

October 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Апасиев: Орце бега од дебата на Телма со Амар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Марко Виденовиќ за настапот во „Музикферајн“: Кулминација на совршенство, волшебна ноќ со која испишавме нова страница во историјата на македонската култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Разговор на двајца аналфабети од градски политики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кипар воведува семафори со женски фигури за пешаците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Глобален пад на Microsoft услугите: Погодени Azure, Microsoft 365, Xbox и авионски компании

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk