ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

НУК иницира воведување критпо средства во угостителската индустрија

December 1, 2021 10:04
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Независната угостителска комора (НУК) почна иницијатива за креирање иницијална понуда за издавање  глобален алтернативен крипто коин – крипто средства наменети за користење исклучиво во угостителската индустрија. Со тоа, според НУК, се обезбедува алтернативен извор и начин на прибирање средства за инвестирање и финансирање на македонски и регионални угостители и угостителски објекти.

Како што наведува Комората, приходите остварени од инвестициите во крипто средството, авансно ќе се исплатуваат и инвестираат во угостителите кои ќе имаат за обврска добиените средства да ги враќаат и исплаќаат со реализација и испорака на сопствени угостителски услуги.

-За побрзо да ја прекинеме агонијата на преживување од ден во ден и да изнајдеме алтернативни начини за финансирање, инвестирање и помош и поддршка на угостителската индустрија не само локално туку и регионално, ја почнуваме оваа иницијатива со колеги од Балканот за издавање на глобално крипто средство базирано на паметни договори како една нова модерна можност за прибирање на финансиски средства и промоција на македонскиот и балканскиот туристичко-угостителски сектор кој ги следи и имплементира модерните технологии во угостителскиот сектор, истакнуваат од НУК.

НУК објаснува дека на овој начин, со промоција на т.н. македонска и балканска крипто дестинација, индивидуалци од целиот свет кои сакаат да ги планираат и да инвестираат во своите годишни патувања и одмори – летувања и зимувања во земјава и во регионот, бизнисмени, тур-оператори и туристички агенции кои имаат потреба да закупат и резервираат повеќе различни угостителски капацитети, номади, инвестициски фондови и инвеститори, ќе можат да инвестираат и да го купат ова крипто средство по загарантирани повластени цени кои важеле на денот на купување со што ќе стекнат право да ги користат услугите на угостителите кога сакаат или да тргуваат со крипто средствата по актуелни цени во кој било момент од наредниот период.

Независната угостителска комора потсетува дека на четврти октомври достави барање до Народната банка, Министерството за финансии, Министерството за економија, Управата за јавни приходи и Централниот регистар за информации за можности за законска трговија и издавање крипто валути согласно постојната регулатива.

-Со оглед дека изминатите денови поради сите случувања со рударењето на крипто средства во медиумите се потврдија информациите достапни на официјалната страна на Народна банка дека кај нас, како и во други земји, прашањето на издавање, вложување и тргување со крипто-средствата не е регулирано ниту во Законот за девизно работење што го регулира и работењето со странство и ова значи дека работењето со крипто-средствата не е недозволено, туку во моментов тоа е нерегулирано.. Целокупната иницијатива со целосно иновативен пристап и решение за примена на крипто средства во угостителската индустрија може да се реализира запазувајќи ја постојната и усогласена со ново најавената законска регулатива за работа со крипто-виртуелни средства која се имплементира преку нацрт-закон за спречување перење пари и финансирање тероризам што е во собраниска процедура, напоменува Комората.

НУК најавува дека за реализација и евиденција каде можат да ги користат или тргуваат со крипто средства со кои располагаат, сопствениците и инвеститорите целосен увид во понудата на угостителските услуги кои ќе можат да ги користат од листата на членки – угостителски објекти ќе имаат преку специјализираната платформа за резервации и реализации за која веќе е во развој. Вредноста на услугите што ќе може да се користат преку платформата, ќе бидат изразени единствено во крипто средство. Преку платформата ќе се вршат и сите порамнувања за користените услуги и трансакции направени во и кај угостителските објекти. /МИА/.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Судир на полицијата со демонстрантите во Белград. Фото: Скриншот, Н1

„SafeJournalists“: Ситуацијата е надвор од контрола – бараме итна заштита на медиумските работници во Србија

July 3, 2025
Фото: Укринформ

Осум загинати во нови руски напади врз Украина

July 3, 2025

Сиљановска Давкова околу усвојувањето на извештајот во ЕП, вели „се е можно да се случи“

July 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Забрчанец: Имавме серија потврди за македонскиот идентитет од 2017 до 2024 – дали иницијативите на Мицкоски се осмислени за да не успеат?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Српската полиција тепа студенти пред Правниот факултет во Белград, блокади во голем број градови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Александра Наќева Ружин нов претседател на Советот на амбасадори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk