ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ZOOM IN

Откажи се

December 1, 2021 11:06
in ZOOM IN, ФЕМИНА, ФРОНТ
Билјана Арсовска

Билјана Арсовска

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: БИЛЈАНА АРСОВСКА

Кога последен пат некој ве советувал да се откажете?

Истово се прашав себеси и не успеав да се сетам. Ама затоа, поттикнувачки и мотивирачки пароли слушаме и гледаме наоколу повеќе отколку луѓе. Компулсивната потреба да живееме според „Биди повеќе!“, „Биди својата најдобра верзија!“ и „Не застанувај додека не си горд на себе!“ идеологијата од нас прави луѓе оттуѓени од можноста и потребата да се откажеме од било што. Сепак, понекогаш, да се откажеш не значи дека ќе ја загубиш битката. Понекогаш, да се откажеш значи дека си доволно храбар. Понекогаш, да се откажеш, значи да победиш.

Овие зборови доаѓаат од човек со дупли рогови во хороскоп. Човек кој оди со глава во ѕид за да ја оствари целта. Јас, којашто еднаш, многу одамна, утипкав на интернет пребарувачот: „Можеш ли да умреш од тага?“ дури бев сосема сама во сосема нова земја без никаква помош. А, во следниот момент ја кренав главата, стиснав заби и продолжив напред дури не ја остварив својата замисла. Јас, со порака напишана со мастило за тетоважа на моето тело дека ќе се издигнам како феникс од пепелта и ќе замавнам со крилјата против ветрот.

Јас ти велам… Откажи се!

Неодамна, интересирајќи се за ставовите на канадскиот психолог и автор, Џордан Питерсон, бев збунета кога увидов дека има издадено една книга со наслов „12 правила за животот“, а подоцна објавил и втора книга со наслов „Уште 12 правила за животот“. Како тоа… 2 пара по 12 правила за животот?! Не би требало да се придржува на оние 12 што ги споделил иницијално?! Требаше да ја проучам неговата идеологија за да разберам дека тоа што тој сака да нѝ укаже на нас читателите е дека секој може и треба да си ги напише своите правила за својот живот. Пишувај, прешкртувај, допишувај… ама ослободи се од сите туѓи правила кои некој ти ги наметнал. Откажи се од лошата навика да живееш за задоволување на очекувањето на другите. Откажи се од грижата за туѓото мислење во врска со тоа како ти го живееш својот живот.

Секој индивидуалец има различни цели, различно ја дефинира среќата, има различна визија за тоа што значи да бидеш жив. Токму затоа, луѓето ќе те осудуваат. Светот ќе проба да те промени и да те обликува во еден од општествено прифатените калапи. За да го избегнеш тоа, откажи се од потребата да се вклопиш. Биди сам свој калап. Одбери го својот пат и одреди го своето темпо.

Во ова хиперактивно и нескротливо време, речиси е неизбежно да доживееме егзистенцијална криза. Има толку многу работи и можности околу нас, што доаѓаме до степен кадешто веќе не умееме да процениме за што вреди да нѝ е гајле, а од што би било најдобро да се откажеме. Марк Менсон пишува за тоа дека во животот, секој од нас има строго ограничен број на работи за кои треба да нѝ е гајле или ограничен број на fucks to give, ако смеам. Оттука, мораме да бидеме многу мудри и пребирливи во поглед на изборот за што треба да ни е гајле, а за што не.

Откажи се од споредување. Широко отвори ги очите и душата и пробај да согледаш подалеку од она што е филтрирано и нашминкано. Откажи се од глорификување на туѓите животи затоа што ништо не е така како што изгледа. Ти, како и секој друг, си човечко битие кое живее и дише, кое се опоравува после секој удар кој ќе му го зададе животот, кое минува низ сезони на промени и сезони на растење. Твоето искуство тука нема да биде беспрекорно, но ќе биде искрено и вистинско. Откажи се од виртуелното, посвети се на вистинското. Своето.

Откажи се од луѓе со кои се гледаш од навика а всушност ти ја засенуваат енергијата секојпат кога комуницирате. Откажи се од досадната книга што ја влечкаш со себе а никако да ја прочиташ. Откажи се од потребата да имаш сè под контрола. Животот е хаотичен, ама без тоа би бил досаден. Планирањето 10 чекори однапред е залудно потрошена енергија. Работите никогаш нема да се одвиваат според нашите животни планери. Биди тука и сега.

Откажи се од навиката да носиш туѓ товар на својот грб. Тоа не е твоја одговорност. Научи да разликуваш поддршка од пожртвуваност. Секој се соочува со својата карма порано или подоцна. Помири се со тоа. Рафаела Жордано вели дека животот е како летачки балон што се издига со помош на топол воздух. Па затоа, за да се искачиш повисоко, треба да умееш да се ослободиш од товарот и да исфрлиш преку оградата сѐ што ти пречи да се кренеш.

Откажи се од стравот. Одбери длабочина наместо далечина. Светот често ќе ти делува на небезбедно место за да ја отклучиме и ослободиме секоја емоција. Од страв, ги затвораме чувствата и се заштитуваме со маска на ноншалантност и индиферентност. Ги банкротираме нашите души а на крајот од денот се чувствуваме осамено и празно. Нема ништо погрешно во тоа да одбереш луѓе пред кои ќе бидеш ранлив и со кои ќе го споделиш своето срце. Балашевиќ рекол дека само ретките наоѓаат ретки. Има огромна убавина во тоа да бидеш личност што се грижи. Ослободи се од стравот и слободно грижи се за она што вреди.

Откажи се од љубов која не ти ја возвратува љубовта. Ако не е ‘АПСОЛУТНО ДА!’, тогаш е ‘НЕ.’ Нема средина. Откажи се од идејата што ја имаш во твојата глава за луѓето и трезвено согледај ги нивните постапки. Откажи се од романтизирање на нечии бессодржајни изјави и скудни ветувања.

Откажи се од млако.

Откажи се од топло-ладно.

Откажи се од ‘мех’.

Откажи се од неконсистентно.

Откажи се од млитаво.

Заслужуваш да бидеш нечие „АПСОЛУТНО ДА!“.


Специјално за ПРВАТА ЛИНИЈА. Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторката.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Крмзов доби 30 дена притвор

June 10, 2025
Фото: Скриншот

Американските власти го привеле најпознатиот „тиктокер“ во светот, Хаби Лејм

June 9, 2025
Фото: Скриншот, Си-Би-Ес

(ВИДЕО) Израел ќе ја депортира Грета Тунберг и целиот екипаж на „селфи-јахтата“

June 9, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски ѝ објави „војна“ на ДУИ, остри критики на социјалните мрежи за неговата реторика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • И Вучиќ и опозицијата прогласија победа на локалните избори во Косјериќ и Заечар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лишен од слобода сопственикот на агенцијата, која ја обезбедувала дискотеката „Пулс“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Листата „Не ја даваме на Србија – Александар Вучиќ“ доби најмногу гласови на локални избори во два града во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Не е време за навивање – време е за будност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk