ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Активни 8 037 КОВИД случаи, апел за што помасовна вакцинација

December 4, 2021 09:48
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Бројот на активни ковид случаи во земјава изнесува 8 037, од кои најголем број, 3 826 се во Скопје, покажуваат вчера објавените податоци од Институтот за јавно здравје. Регистрирани се нови 342 случаи на Ковид-19, од направени 2.349 тестирања, седум починати и 348 оздравени пациенти.

Од Министерството за здравство апелираат граѓаните да се вакцинираат, бидејќи само така ќе дојдеме до колективен имунитет и ќе спречиме ширење на мутации на СарсКов2.

-Во период од 6 август до вчера на територијата на државата 60 772 граѓанин, се позитивни од тестирани на Ковид 19, од кои 31 отсто биле целосно вакцинирани, односно 19.025 лица. Голем е бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со Ковид-19. Според статистика за изминативе месеци, 41 747, граѓани, односно 69 отсто од позитивните на Ковид-19 не биле вакцинирани, се наведува во анализата што вчера ја објави Министерството.

За вакцинирани, како што се посочува, се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втора доза вакцина.

Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема, покажува анализата. Во период од 6 август до вчера од вкупниот број починати со Ковид-19, 79 отсто биле невакцинирани, а 21 отсто примиле вакцина. Според анализите, починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања. Пациентите биле вакцинирани со сите типови вакцини кои ги има на располагање кај нас. Секоја вакцина која ја имаме на располагање е безбедна, информираат од Министерството.

Што се однесува до состојбата со Ковид-19 во регионот и пошироко по првиот потврден случај на сојот Омикрон во Грција, тамошната Комисија за вакцинација при Министерството за здравство вчера донесе одлука третата доза од вакцината против Ковид-19, за сите над 18 година да се прими по три, наместо по шест месеци како што беше досега, јави дописничката на МИА од Атина.

Швајцарските кантони Женева и Во ставија во карантин 2.000 луѓе, од кои поголемиот број деца, откако во едно меѓународно училиште се откриени два случаи на сојот Омикрон на коронавирусот.

– По два потврдени случаи на сојот Омикрон оваа недела во кампусот Шатонеур на меѓународното училиште во Женева, Медицинските служби во Во и во Женева заеднички одлучија да ги стават во десетдневен карантин сите ученици и персоналот на кампусот, се наведува во соопштението на женевските власти.

Тестови треба да направат и родителите, браќата и сестрите на учениците.

Претходно беа регистирани неколку случаи на сојот Омикрон во пет швајцарски кантони и беше воведена забрана за влез на лица од Јужна Африка и карантин за патниците кои пристигнуваат од 23 држави, меѓу кои и Јапонија, Велика Британија и Канада.

– Од новата варијанта на коронавирус Омикрон постои трипати поголем ризик од повторна инфекција од моментално доминантниот вид Делта и Бета видот на вирусот, соопштија вчера група јужноафрикански здравствени тела.

Јужноафриканскиот министер за здравство Џо Фала изјави вчера дека неговата земја влегува во четвртиот бран на Ковид-19 поради варијантата Омикрон, но дека болниците во оваа фаза не се загрозени. Тој на прес-конференција истакна дека инфекциите со новата варијанта сега се присутни во седум од деветте провинции во земјата и изрази надеж дека со овој сој може да се управува без да се предизвикаат премногу смртни случаи.

Фала ги повика граѓаните на Јужноафриканската Република да бидат целосно вакцинирани, бидејќи, како што тврди, тоа е најдобрата заштита од Омикрон варијантата.

Светската здравствена организација синоќа соопшти дека новата варијанта на коронавирус – Омикрон е идентификуван во 38 земји ширум светот, но досега не се пријавени смртни случаи.

Марија Ван Керхове, шефица на техничкиот тим во одделот за итни случаи на СЗО истакна дека зголемувањето на бројот на заразени со Ковид-19 во Европа во изминатите два месеци се должи на сојот Делта, но Омикрон може да ја влоши ситуацијата.

– Во последните два месеци, видовме раст во Европа. И ова се должи на варијантата Делта, а новиот сој може да ја влоши ситуацијата, рече таа за време на онлајн сесијата за прашања и одговори за ситуацијата со коронавирусот.

Затоа, таа смета дека е исклучително важно да се продолжи со поддршката на епидемиолошките мерки насочени кон ограничување на ширењето на варијантата Делта. Посебно, треба да се засилат кампањите за вакцинација.

Главната научничка на СЗО, Сума Сваминатан ги повика луѓето да не паничат поради појавата на Омикрон и рече дека е премногу рано да се извлечат заклучоци за новата варијанта. Во интервју за Ројтерс Некст, Сваминатан рече дека е невозможно да се предвиди дали Омикрон ќе стане доминантна варијанта на коронавирусот.

– Треба да бидеме подготвени и внимателни, но да не се паничи бидејќи сме во поинаква ситуација од пред една година. Делта сочинува 99 отсто од инфекциите во светот. Оваа варијанта би требало да биде позаразна за да ја надмине Делта и да стане доминантна во светот. Можно е, но не е можно да се предвиди. Мора да почекаме, да се надеваме дека е поблага … но прерано е да се заклучи за варијантата како целина, рече Сваминатан.

Најави дека СЗО следната недела ќе свика глобална група на експерти за да ги одреди приоритетите за истражување на Омикрон. Коментирајќи ја потенцијалната потреба од вакцинација со бустер доза против коронавирус еднаш годишно, таа рече дека СЗО се подготвува за сите сценарија.

извор: МИА
Next Post

Четворица кандидати за лидер на СДСМ, пријавите на верификација во Централната изборна комисија

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk