ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Битиќи-Ескобар: САД ја поддржува Северна Македонија во зајакнување на регионалната економска соработка како и членството на земјата во Европската Унија

December 6, 2021 15:34
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Битиќи денес се сретна со заменикот помошник државен секретар на Соединетите Американски Држави, Габриел Ескобар, кој е во работна посета на Република Северна Македонија, а беше придружуван од амбасадорката на САД, Кејт Мари Брнз.

Вицепремиерот Битиќи и заменикот помошник државен секретар Ескобар, разговараа за економската соработка помеѓу Северна Македонија и САД, пришто се реафирмираа одличните политичко-економски односи помеѓу двете земји и се заклучи дека САД останува еден од најцврстите стратешки партнери на нашата земја и силен поддржувач на евро-атлантските интеграции.

Битиќи нагласи дека членството во НАТО, донесе стабилност и сигурност на земјата, а со тоа зголемени можности за нови инвестиции и поголема конкуреност на меѓународно ниво, а посочи дека Владата е посветена на реализација на сите потребни реформи и надминување на отворени прашања, во насока на целосна интеграција во Европската Унија.

Ескобар и Битиќи разговараа и за унапредување на бизнис климата, подобрување на инфраструктурната поврзаност во земјата и со соседите, како и реализација на проекти за заштита на животната средина и за одржлив економски развој,  пришто државниот секретар Ескобар ја потенцираше поддршката на САД за сите регионални економски соработки кои носат конкурентна предност за земјите од Западен Балкан.

На средбата, вицепремиерот Битиќи ја потврди нашата посветеност за Северна Македонија да стане енергетски хаб на Балканот, преку диверзификација на изворите за енергија и поврзувајќи се со земјите од регионот, што секако е долгорочна стратегија која ќе обезбеди стабилност, одржливост и предвидливост при снабдувањето.

Вицепремиерот Битиќи и заменикот помошник државен секретар Ескобар, на состанокот ги потврдија своите ставови дека местото на Република Северна Македонија е во ЕУ и дека со поддршка на САД ќе се реализираат потребните реформи, кои се во согласност со западните-демократски принципи на управување и ќе овозможат сигурен развој на државата и подобар живот на граѓаните.

 

 

Next Post

ВМРО-ДПМНЕ со враќањето на Ставрески докажа дека не се поместени ниту милиметар од режимската матрица

Shortcut

Најново

„30 години музичка слобода“: Групата „Фолтин“ со звучна монографија на винил го започна големиот јубилеј

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Џабир Дерала

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Лина Ѓорческа стана првата македонска тенисерка на Грен слем турнир

June 25, 2026

По повод Светскиот ден на млекото: Бучен Козјак донира средства за реновирање на Клиниката за пулмологија и алергологија

June 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поповиќ: Кочовска призна дека во Буџетот нема пари – со зголемување на дефицитот се кршат и законите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk