ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ескобар: Работиме со европските партнери за брза евроинтеграција на Северна Македонија

December 6, 2021 11:23
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
МИА

МИА

Share on FacebookShare on Twitter

САД изразуваат силна поддршка за брза европска интеграција на Северна Македонија и работиме со нашите европски партнери да обезбедиме тоа да се случи што е можно најбрзо, изјави денеска американскиот заменик помошник државен секретар за Европа и Евроазија, Габриел Ескобар, кој е во официјалната посета на земјава на заедничката прес-конференција со шефот на дипломатијата Бујар Османи.

– Северна Македонија е дел од Европа, културно, историски и економски дел од Европа и треба да имате столче на масата на ЕУ. Во тој поглед ќе продолжиме да ги поддржуваме вашите напори да се покаже флексибилност во процесот на европски интеграции, како и продолжување на рефомскиот процес за тоа да стане реалност, рече Ескобар.

Тој изрази благодарност за партнерството на САД со Северна Македонија, посочувајќи дека тоа не е само партнерстство, туку пријателство и сојузништво.

– Ние делиме заеднички вредности кои се во основа на нашата стратегија на споделени вредности. Ја изразувам благодарноста на Северна Македонија за континуираната поддршка и посветеност во НАТО, додаде Ескобар.

Османи од своја страна му изрази благодарност на Ескобар за неговата прва посета на Скопје.

– САД остануваат наш стратешки партнер и кредибилен сојузник, благодарни сме за јасната и гласна поддршка од САД. Во таа смисла нашите стратешки интереси се сто отсто комплементарни со интересите на САД, рече Османи.

Шефот на дипломатијата истакна дека европската перспектива на Западен Балкан е најсигурна инвестиција во регионот.

– Нема сомнение дека европската перспектива на Западен Балкан е најсигурна инвестиција во стабилноста на регионот. Сега е моментот ЕУ да започне преговори со Северна Македонија. Тоа ќе биде голема потврда за нас да останеме посветени на демократските реформи и да ја забрзаме нашата европска интеграција. Уште поважно од тоа ќе биде големо охрабрување за другите, ќе се потврди кредибилноста на ЕУ, ќе се охрабрат процесите за надминување на разликите и помирување во регионот. Ќе се забрзаат евроатлантските интеграции и ќе се потврди геостратешката ориентација на нашиот регион, истакна Османи.

Тој изрази благодарност за посветеноста и фокусот што САД го даваат на регионот на Западен Балкан.

– За тоа сведочи и денешната посета на г. Ескобар, но исто така уште поважна е извршната наредба на претседателот Бајден која е златна гаранција за важноста и неповредливоста на договорите кои се темелот на мирот, стабилноста и демократскиот развој на регионот – Дејтонскиот договор во Босна, а кај нас Охридскиот рамковен договор и договорите со Бугарија и Грција, рече Османи.

САД, додаде Османи, одиграа клучна улога во постигнување на долгорочна стабилност, демократизација и просперитетна Северна Македонија, но и целиот регион.

– САД биле со нас и не поддржувале и во добро и во лошо. Во моменти на големи искушенија и кризи ни помогнале да останеме на вистинскиот пат посветени на нашите заеднички евроатлантски вредности. Тоа не беше секогаш лесно, ама секогаш беше неопходно да се продолжи напред и покрај различните предизвици и проблеми. Охридскиот рамковен договор и договорите со Бугарија и Грција се наш успех и заедничка вредност за сите. Ги постигнавме затоа што секогаш ја имавме поддршката од нашите партнери на прво место САД. Заедно успеавме да ја трансформираме нашата држава, да ја зајакнеме демократијата, да ги подобриме односите со соседите и да ја зголемиме регионалната соработка. Продолжуваме заедно и во иднина со посветена работа да ги реализираме нашите заеднички и стратешки цели и интереси, истакна Османи. /МИА/. 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Судир на полицијата со демонстрантите во Белград. Фото: Скриншот, Н1

Студентите во блокада ги повикаа граѓаните на Србија на масовен прекин на работата до исполнување на нивните барања

June 30, 2025

Пожар во галија на Вардар во Скопје, интервенира едно противпожарно возило

June 30, 2025

Брутални навреди и напади врз редакциите на Н1 и Нова: Вучиќ нè нарекува терористи, Информер бара апсење на новинари

June 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • За Латас, децата треба да учат во училиште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица потешко повредени во сообраќајка во центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пожар во галија на Вардар во Скопје, интервенира едно противпожарно возило

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во првото коло од Вимблдон 737-от тенисер во светот победи без да изгуби сет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албански медиуми: Обвинетите за Бањска го обезбедуваа Вучиќ за време на протестите; Косовското Специјално обвинителство поднесе обвинение за воени злосторства против двајца Срби; Прво рочиште во Специјалниот суд за случајот „Партизани“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk