ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Медиумите можат позитивно да влијаат за зајакнување на еднаквоста и рамноправноста на маргинализираните групи

December 7, 2021 13:34
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Сите граѓани на Република Северна Македонија се еднакви пред Уставот, но реалноста е поинаква и медиумите можат директно да влијаат врз јакнењето на еднаквоста, рамноправноста и заедништвото, беше оценето на денешниот вебинар на тема „Стереотипи и предрасуди – нивно зацврстување преку медиумите“.

– Доколку во портретирање на луѓето и нивната приказна се тргне од сфаќањето дека сите луѓе се исти, само така може да се „скрши“ стереотипната слика и предрасуда кон одредена маргинализирана група на граѓани, вели Христина Ѓорѓиевска, новинарка од Види Вака.

Кога се известува за маргинализираните групи потребно е новинарот да знае кој е терминот со којшто треба да ја означи заедницата, бидејќи зборовите имаат многу важна улога во истражувањето.

 

Кога се работи на новинарско истражување, Ѓорѓиевска посочи дека е од голема важност да не се приоѓа со предрасуди, стереотипи или погрешни информации кон припадниците на различните заедници, затоа што недостигот од информации резултира со неточно и необјективно информирање.

Мања Величковска од Коалицијата Маргини, во своето обраќање ја презентираше „Анализа на медиумското покривање на темите поврзани со ЛГБТИ заедницата и родово заснованото насилство“, достапна на следниот линк.

Анализата на Маргини покажува дека ширењето на моралната паника директно го загрозува унапредувањето на човековите права и борбата против дискриминацијата, критичка мисла и чувство за солидарност со другиот, кој е еднолично етикетиран како нанесувач на заканата.

– Прашањето околу правното признавање на родот, пак, стана особено сензитивно, а јавноста и понатаму останува недоволно сензибилизирана и образована за секојдневните предизвици со кои трансродовите луѓе се соочуваат. Моралната паника придонесе кон парцијално прикажување на нивните проблеми, а Предлог-законот за матична евиденција, кој требаше да им овозможи на трансродовите луѓе брза, транспарентна и пристапна постапка за правно признавање на родот, е повлечен од дневен ред во Собранието, покажуваат податоците од анализата.

Во анализата е наведено и одржувањето на втората по ред Парада на гордоста, на која имаше инциденти на физичко насилство врз ЛГБТИ лицата, а јавноста не успеа да ја разбере смислата на овој настан и потребата од негова реализација. Величковска вели дека одредени гласноговорници придонесоа кон зголемување на говорот на омраза кон ЛГБТИ луѓето на социјалните медиуми.

Вебинарот го организира Синдикатот на новинари и медиумски работници, во рамки на проектот „Дигитално организирање на ЦИЕ“ во партнерство со Union to Union, Меѓународната Федерација на новинари (ИФЈ) и Шведските синдикати на новинари.

Извор: МИА

 

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Мицкоски: Време е за држава каде што ќе се раѓаат повеќе деца и младите да стапуваат во брак

July 4, 2025

Николовски: Власта удри по земјоделците, крати 478 милиони денари во ребалансот

July 4, 2025
Москва, Русија. Фото:: Andrey Rudakov/Bloomberg

Ново мистериозно самоубиство во Русија: Потпретседателот на „Трансњефт“ падна од прозор и почина

July 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Забрчанец: Имавме серија потврди за македонскиот идентитет од 2017 до 2024 – дали иницијативите на Мицкоски се осмислени за да не успеат?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонски државјанин загина во сообраќајка во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Александра Наќева Ружин нов претседател на Советот на амбасадори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сиљановска Давкова околу усвојувањето на извештајот во ЕП, вели „се е можно да се случи“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk