На денешен ден, 7 декември, во 1993 година, почина академик Блаже Конески. Секој негов збор истовремено е и порака и аманет, наша должност, наша обврска е да не заборавиме да ги пренесуваме на идните генерации како аманет кон нив, напиша министерката за култура Ирена Стефоска на Фејсбук, споделувајќи стихови и видео.