ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Зоната во Гевгелија ќе биде прва зелена зона во државава

December 7, 2021 13:57
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ЗЕЛЕНА
Share on FacebookShare on Twitter

Во согласност со новиот концепт на ТИРЗ за привлекување инвестиции, индустриската развојна зона Гевгелија ќе се фокусира на поддршка на зелените индустрии во согласност со зелената агенда на ЕУ, а покрај производствените компании во зоната ќе има можности за инвестиции поддржани од државата во секторот на здравствени услуги, истакна директорот на ТИРЗ Јован Деспотовски, на денешната презентација на студијата за зоната во Гевгелија.

Студијата на изводливост, нуди нови инвестициски модели и можности за инвестирање за широк опсег на индустрии. Таа е дел од новиот пристап за развој на ТИР зоните, а зоната во Гевгелија е пилот модел по кој ќе се развиваат и други вакви индустриски зони низ земјата.

– Целта е некаде до крајот на годината, откако ќе добиеме  повратен одговор од потенцијалните корисници или од сите други заинтересирани страни, да ја финализираме студијата и очекуваме некаде на почетокот на наредната година да ја презентираме на Владата, истакна Деспотовски.

Тој најави дека потоа би следело и отворање на постапка за доделување на јавно приватно партнерство кое ќе биде поразлично од досегашната практика.

– Презентираме еден нов модел на функционирање, односно на работење, којшто се базира на многу конкретни резултати. Целта не е само да го дадеме земјиштето и да кажеме ние тука бараме инвеститори, туку имаме неколку фази за чие што отклучување ќе бидат клучни постигнување на одредени резултати од страна на самиот конценсионер. Целта ни е, не наеднаш да го дадеме целото земјиште кое што државата го има на располагање, бидејќи сепак тоа е ресурс кој што е ограничен и еден од елементите на новиот пристап е дека управуваме мудро и паметно со ограничените ресурски со кои располагаме, а земјиштето е еден од тие ресурси. Самиот премин од фаза во фаза претставува постигнување на одредени параметри што не секогаш се врзани со физичка инфраструктира. Значи, нам не ни требаат цигли, ни требаат бизниси што функционираат, ни требаат инвестиции кои ќе носат приходи во буџетот и коишто ќе даваат поголеми плати за луѓето, потенцираше Деспотовски.

Директорот на ТИРЗ нагласи дека самиот премин од фаза 1 во фаза 2 предвидува постигнување на  одредени таргети во однос на изграденоста, меѓутоа, како што додаде, во секој нареден чекор клучните таргети се приходите во буџетот и висината на платите коишто инвеститорите ќе ги плаќаат кон работниците.

– Она што исто така ја разликува Гевгелија во однос на досегашниот модел на функционирање е тоа што првпат поттикнуваме размислување на зелена економија, на зелен концепт,  којшто предвидува одржлив раст, раст којшто не загадува и раст којшто не краде од  од утре за да има пари денеска. Во самата студија е предвидено поголем фокус да биде ставен на зелените индустрии и во работата, која што консултатите се уште ја подготвуваат, го разработуваме моделот и на финансирање преку зелениот стратешки инвестициски фонд којшто неодамна го презентиравме. Нашите очекувања се дека зелениот стратешки инвестициски фонд ќе се искористи меѓу другото и за реализација за проектот за развојот на индустрискиот парк во Гевгелија, наведе Деспотовски.

Во оваа зона се размислува и за здравствен дел, со тоа што ТИРЗ Гевгелија во тој случај ќе прерасне не само во првата зелена зона во РСМ, туку има можност и да биде во првата здравствена зона во РСМ.

– Идејата за здравствена зона произлезе од дискусиите со консултантите и со Министерството за здравство. Се базира на фактот дека границата е многу блиску и оти имаме еден сериозен пазар во Северна Грција којшто може со минимално зафаќање на земјиште, а со голема инвестиција во технологија и во човечки капитал, да донесе значително високи приходи, потенцираше Деспотовски.

Тој истакна дека 50-те хектари што моментно се на располагање не значи дека треба целосно да се изградат со бетон и со цигли, туку, потенцираше, со паментен пристап и со неколку објекти може да се постигат целите од аспект на придонес во економскиот раст, обемни инвестиции, број на работни места и квалитетни работни места, односно високи плати.

– Влезната мисла од наша страна кај консултатнтите беше очекувањето дека самата зона ќе генерира со овој концепт инвестиции од над 400 милиони евра. Висината на инвестициите сама по себе не е важна се додека ги постигнеме таргетите поврзани со приходите во буџетот и висината на платите коишто ќе се генерираат во тој регион. Така што, зоната во Гевгелија ќе биде прв тест на новиот модел којшто го промовираме којшто не се базира на концептот „Македонија земја на евтина работна сила“ туку на концептот на паметно инвестирање којшто почива на висока додадена вредност, нагласи директорот на ТИРЗ.

Како што посочи, постои оправданост оваа зона да се гради со јавно-приватно партнерство.

– Државата да не го зема проектот туку да работи со концесионер којшто ќе има капацитет и искуство, не да ја изгради зоната, не ни треба градежна компанија, туку управител којшто во рамки на овие параметри ќе обезбеди висок квалитет на инвестициите, секако во партнерство со Дирекцијата и овој концепт ќе го промовираме и понатаму. Нема да работиме сами туку ќе работиме во партнерство со сите оние коишто сметаат дека имаат можности и капацитет да придонесат во носењето на квалитетни инвеститори, заклучи Деспотовски.

Next Post
Фотомонтажа: РИБАРО

Ставрески се извини: Чоколадите ќе бидат Милка - од големите

Shortcut

Најново

Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

July 16, 2026

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

July 14, 2026

Вештачење на ОЈО ГОКК: Мазутот е со соодветен квалитет, нема проблеми во поглед на динамиката!

July 13, 2026
Претседателката на РСМ, Гордана Силјановска Давкова го отвори Охриско лето, 12 јули 2026 (фото извор: Кабинет)

Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk