ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА КОРУПЦИЈА

Спасовски: Злоупотребата на службената положба и овластување се најголем ризик за корупција

December 7, 2021 15:40
in ДЕНЕС, КОРУПЦИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Mинистерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска преку ЗУМ-платформата се вклучи во јавната дебата на тема „Ризикот од корупција при издавање на одобренија, решенија, лиценци и дозволи во областа на транспортот и спроведувањето надзор“, во организација на Државната комисија за спречување на корупцијата, на која учествуваа и министерот за транспорт и врски Благоја Бочварски, вршителката на должност директорката на Царинската управа, Славица Кутиров и директорот на Државниот инспекторат за транспорт, Руфат Хусеини, информираат од МВР.

,,За нас во Министерството за внатрешни работи превенцијата и борбата со корупцијата претставува примарен постулат од кој не отстапуваме во изминативе години, согласно начелото на Владата борбата против корупцијата да го има третманот на еден од најважните национални интереси, од чија што реализација буквално зависи развојот и просперитетот на нашето општество во целина. Низата нови законски решенија, континуираните надградби на меѓуинституционалната, како внатрешна, така и меѓународна координација и соработка, потоа постојаната техничка и кадровска екипираност и едукација, се само дел од активностите за во таа наша решеност да се истрае и да се успее во борбата против корупцијата“, изјави министерот Спасовски.

Oд аспект на полициските истраги од областа на корупцијата во 2020 година беа откриени 97 кривични дела, за што кривично беа пријавени 161 сторител, за причинета материјална штета од околу 100,2 милиони денари. И во текот на оваа година МВР продолжи со тој засилен тренд на детектирање и правно процесирање, така што за периодот во првите десет месеци беа откриени и расчистени 114 кривични дела поврзани со корупција и коруптивни злоупотреби, што претставува над 50 отсто зголемување на откривачката функција на полицијата, споредбено со истиот период лани, а причинитетата материјална штета изнесува 97,3 милиони денари. Помеѓу кривичните дела од областа на корупцијата и понатаму најдоминантни се кривичните дела „злоупотреба на службената положба“ со коруптивни елементи. Полицијата откри 77 такви дела во првите 10 месеци од оваа година, односно зголемен е бројот на реализации за 54% во однос на истиот период лани. За делата кривично се пријавени 147 сторители, а со нивното извршување предизвикана е материјална штета над 63,6 милиони денари пишува во објавата на МВР.

Министерот за внатрешни работи укажа дека најголемиот ризик за корупција кога станува збор за институциите, вклучително и МВР, и натаму се манифестираат преку злоупотреба на службена положба и овластување при издавање на документи, дозволи, лиценци и решенија, а формите главно се со прифаќање на подароци и услуги, поткуп, оддавање на класифицирани информации, уништување докази и слично, поради што неопходно е постоење на функционална поврзаност и формирање на заедничка база на податоци до кои ќе имаат пристап сите субјекти задолжени за борба против корупцијата, со цел размена на информации заради обезбедување одржлив систем на заеднички приод во реализирањето на сопствените обврски на институциите за неселективната борба против корупцијата.

Next Post

Зголемени трошоците на живот во ноември

Shortcut

Најново

Мицкоски се пофали со разговор со Рубио, СДСМ: Тоа беше средба во ходник

September 21, 2026
Никола Спасов

Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

September 20, 2026

КУРШЛУС: Сатира за времиња во кои реалноста ја надминува шегата

September 19, 2026

Оружје, принуда и заплашување – составни делови на рускиот изборен процес

September 19, 2026
Хан Соло Џуниор (Илустрација: ChatGPT/OpenAI – FRONTLINE.MK)

Чалам на виткање, карактер на расклопување

September 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Како една објава ја преобликуваше глобалната дебата за вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сикорски: Ако Русија нè нападне и „ги симнеме ракавиците“, ние би ја поразиле прилично брзо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • САТИРА: Не фала, од дома си носиме шопска и жолта со гаранции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бран од жестоки критики по маневарот на Мајк Џонсон за спас на Хегсет: Претставничкиот дом распуштен за да се спречи импичмент и судење во Сенатот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk