ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Управниот суд ја потврди одлуката на Владата да се одземе концесијата за рудникот „Иловица-Штука“

December 8, 2021 15:44
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Управниот суд ја отфрли тужбата на компанијата „Еуромакс ресурцес“ и ја потврди одлуката на Владата да им се одземе концесијата Иловица 6 за рудникот за бакар и злато „Иловица-Штука“. Судот одлучувал во октомври, откако претходно Вишиот управен суд ја врати постапката назад. Управниот суд тужбата на канадската компанија ја отфрлил како неоснована, по што „Еуромакс“ во ноември поднела нова жалба до Вишиот управен суд.

„Тужбата на тужителот „Еуромакс ресурцес“ е поднесена против Одлуката на Влада од 16.12.2019 година, а по истата донесена е Пресуда од Управниот суд на ден 5 октомври годинава, со која тужбата на тужителот се одбива како неоснована. Против одлуката на Управниот суд изјавена е жалба од тужителот до Вишиот Управен суд на 11 ноември 2021 година, која е пратена на тужениот орган на одговор. По комплетирање на предметот, истиот ќе биде испратен до Вишиот Управен суд за натамошно постапување и одлучување“, информираат од Управниот суд.

Активистите од граѓанската организација „Здрава котлина“ се задоволни од одлуката на Управниот суд.

„Се надеваме дека ова е последниот круг на пресуди и дека случајот ќе биде окончан, а ‘Еуромакс’ конечно ќе си замине од нашиот крај и земјата. Ние остануваме на ставот дека рудник нема да има“, велат од „Здрава котлина“ и посочуваат дека даваат поддршка на сите балкански народи кои се соочуваат со иста борба.

„Народот победи во Романија и ги протера рударите од Росија Монтана, со години ги блокира рударите во Грција, се крева против рударите во Србија. Ние во Македонија веќе со години сме будни и ги блокираме со сите расположливи начини и немаме намера да попуштиме ни една педа, посебно затоа што проектот на Еуромакс ги надминува сите останати рударски проекти на Балканот по загадувачки параметри и потенцијален деструктивен капацитет“, посочуваат од „Здрава котлина“.

Ова е вторпат како предметот во кој се разгледува концесијата Иловица 6 ќе се најде пред Вишиот управен суд. Случајот со рудникот во струмичко во јули доби пресврт, откако Вишиот управен суд го поништи решението на Управниот суд со кој се одбиваше жалбата на „Еуромакс Ресурсес“ за одземената концесија и донесе одлука да има повторно судење во Управниот суд. Претходно, Управниот суд со решение во октомври лани, ја одби жалбата на компанијата како неоснована.  Жалбата на „Еуромакс Ресурсес“ се однесуваше на преиначување на пресудата на Управниот суд со цел да ја задолжи Владата да ја поништи одлуката за еднострано раскинување на концесијата како неоснована и да ја задолжи Владата да ги спои концесиите.

Најновата одлука на Управниот суд, донесена пред два месеци не е објавена на веб страницата на Судот, иако канадската компанија, како обврска за информирање на своите акционери, ја објави уште на почетокот на минатиот месец. Од судот велат дека причината за тоа е што на веб страницата на судот се објавуваат само правосилни судски одлуки. Со оглед на тоа дека против пресудата е изјавена жалба, таа се уште не е правосилна, па следствено и не е објавена на веб страната на Судот.

извор: МЕТА

Next Post

Борис Џонсон објави дипломатски бојкот на Зимските олимписки игри во Пекинг

Shortcut

Најново

Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

September 5, 2026

Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

September 5, 2026
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Глигоров и Филипче од Македонија

September 5, 2026

Проекција на пет кратки филма од македонски уметници во рамките на проектот „Жените и уметноста“

September 4, 2026

Филипче прашува за скриени 350 милиони евра, Мицкоски возвраќа дека СДСМ покажува економско непознавање

September 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk